И на шарени сум пробала... само не директно врз алиштата, туку во вода после ќе ги накиснеш. Пред кратко време упропастив црвена маичка од фармерките пуштило боја. Така ја вратив првобитната боја на маичката.
Така ке пробам Јас мислев дирекно на флеките дека треба да ставсм, само да не ги побелам А за во вода баш ќе пробам Фала ти И пиши кога ќе го пробаш спрејот за флеки, ако е добар да го земам
Да... многу го пофалија, бил добар и за постари флеки демек тие што со ништо не се вадат. Во Нерези теписи една фирма што миеле такво користеле, па реков ајде да го пробам. И ќе ти кажам искуство
Мојата перална нема просторче за течен детергент,и се мислам дека и на упатството коа читав пишуваше дека течниот детергент треба да го ставам внатре кај рубите.Е сеа знам порано со некој прашоци идеше и едно како топка за течен детергент да стаиш и да го стаиш во пералната,ама сега никаде неможам да најдам...Дали сте виделе некаде такво нешто??? Немора да е стрикно со прашок само ми треба нешто што би можела да ставам течен детергент во него
I Има и сладолед во топки пластични, мајка ми има три такви си ги чува. Мислам дека сеуште може да се најде. Тоа е супер замена. Или топче за тенис да се направи отвор колку 2-3 сантиметри радиус и така... Тоа топче што го имаше порано идеше со лира детергентот.
Не е затворено, како го јадеш сладоледот? Без капачето ќе го ставаш. Инаку и капачето од течниот прашол ќе ти врши работа како топката за течен детергент. Инаку, течниот детергент се става во преградата каде што нормално го ставаш прашокот, само што има еден пластичен додаток кој се мести така што ја затвора преградата да не тече детергентот во машината додека го истураш. Сите современи машини го имаат, обично ако е бела машината, тој е со сина боја.
Мајки керка ми се помоча никогаш досега немало ваков чуден мирис бидејки не и е прв пат..Спалната грозно мириса јас го исправ душекот надвор е цел ден отворено и пак мириса..Чудно ми е цел ден е отворено а мириса грозно..Помош што да направам..?
@blessed.an стави сода бикарбона во неколку чашички насекаде низ собата да впие мирис. Може и врз душекот да ставиш за да ја впие миризбата иако веќе си го испрала. Откако ќе ставиш сода врз душекот нека отстои цела вечер и после прибери со правосмукалка. Освен тоа друго не знам, ама би требало до утре да се излуфтира. Нешто што мене ми помогнало со непријатни миризби дома - отвори врати или прозорци од спротивната страна на собата кај што ти е непријатната миризба за да се направи промаја. Одма ќе осетиш разлика, остај пола саат така и припазувај на прозорците во случај на јак ветер.
Колку време може да се остави пулирапид да дејствува? Пробав со 5 минути ама ништо од закоравени траги од сапун не се тргна.
Како да отстранам флека од боја. Од брзање и невнимание ги ставив водени алиштата едно врз друго, па сега на бледо розево фустанче имам две големи плави точки. Пробав се што знам не излезе.
Слободно повеќе, само не го заборавај подолго од пола саат, ќе се осуши и ќе останат како линии таму каде што си напрскала и дејствувало.
Пак јас. Имам бела дамка на работната маса што најверојатно е направена кога нешто многу топло било ставено таму. Дали има начин да се поправи?