Тоа што се вапцуваат додека се сушат,се чисти одпосле,рибам .Ке пробам.Ако не ги лупам бо варикина,да се избели и шареното и куртул
Извалкана е повеќе од месец и лакот е целосно навлезен во материјалот на масата. Се мислам да пробам со ацетон ама ми е страв да не излезе белата боја
Полошо сигурно нема да биди си мислам? Пробај прво слојот да го изгребеш со нешо понежно и внимателно,и после ацетон малку на памук а меѓу него некое влажно да ставиш колку да не е директно на пповршина. Не знам дали би помогнало,ама сигурно со црн лак е позабележително
Со што да извадан шкртаници од плаво пенкало на бела кожна ташна?Со влажни неќе, со ацетон неќе ќе се олупи кожата, со сјај за раце неќе.Друго нешто?На youtube гледам со спрејови некои за кожа ама во моментов немам таков.
Со лак за коса. Напрскај на местото, пребриши. Би требало да излезе, ова е проверено со кожна гарнитура. Нема оштетување на кожата.
А бели дамки од дезодоранс на маица како.Само што ја облеков гледам бел круг под пазуви, а розева е маицата ептен се познава.Користам камен место дезодоранс не знам од кај искочи ова.За лакот сега ќе пробам фала ти
Да пробаш со некое средство за флеки. Ама да бидам искрена, мене ништо не ми помогнало, на светли маици/блузи флеките стојат, како пожолтено/избледено.
Оди на страницата Irena Zapper,она рекламира некое средство за чистење на кожа,зид.Прашај ја неа ќе ти каже
Пробај со аветон прво на некоа невидливо место,на внатрешниот дел од масата пр.За да не ја гребеш за џабе.
На ацетон мислела веројатно, печатна грешка е. Пробај внатрешно, на место каде што не се гледа дали остава флеки ацетонот.
Како се справувате со прашината? секој ден да бришам, пак има..имаше некој трик мислам, се правеше нешто со омекнувач некое средство?
aceton sakav da pisam sum zgresila izvini .Neli vikase te strav so aceton da ne ja ostetis masata da padne belata boja,pa ti predloziv negde kade sto ne se gleda da probas prvo.
Аа да не сум укопчала што мислиш Уште не сум стигнала да купам ацетон ама овие денови белки ќе ве израдувам со слика од чиста маса Фала вии
Здраво една помош девојки/жени Купив едни маички од нет но имаат некој гаден мирис,три пати ги пере мама ни омекнувач не го покрива мирисот Не ми се фрлаат жал ми е за квалитетот лани ги користев истите за возење точак,но лани не корнеа вака Парфем дури не го покрива мирисот. Маичкиве се од полиестер. Чаре?
@"Zoki" Спакувај во ќесе и во замрзнувач нека остојат 2-3 вечери штом миризбата е толку тврдокорна. Го имав истиот проблем со фармерки, после стоење во замрзнувач состојбата се подобри. Друго решение, ако се бели или светли накисни ги во вода со сода бикарбона и нека отстојат ден - два. Ако овие две не помогнат накисни ги во бел оцет и вода. Друго решение не знам, побарај на интернет како да направиш миризбата да се впие со нешто, а не да се покрие.
Како темелно да исчистам бели Converse старки? Имаат некои црни (масни?) траги околу металните делови и на врвците што мислам дека се од самите нив, никако не можам да ги извадам