Стави во длабок огноотпорен сад лимонов сок и сода бикарбона. Загреј ја рерната да врие течноста, да испари. Пребришуваш кога ќе се олади, толку
Јас обично ставам сок од два лимони, лажица сода, разредено со малку вода. Колку да има два прста вода во садот.
Да. Додуша доволно е само сок од еден лимон, го ставаш во филџанче на најјако, да испари и после само пребришуваш.
Сакам да купам бокал за филтрирање на вода. Дали користите вакви бокали? Задоволни сте? Или се џабе фрлени пари? Ве молам за препорака!
Јас имам дафи бокал од green master.Го порачав по една сосетка,а инаку водата е многу поубава од онаа од чешма и има сосема друг мирис а и вкус.Е сега филтерот се менува на секој месец,малку е поскап,околу 500 ден,но често е на попусти и се наоѓа и за 320 денари.Мојов е ваков,а го имаш и во повеќе бои.
Девојки, од пеглата на пареа Горење пеглајки почна да тече вода.Не пареа за да пеглам на неа,туку баш вода и тоа ми истече цела на даската за пеглање.Ја исклучив одма и не знам што да правам.Сега кога ја погледнав даската водата ми делува како валкана да била, а чиста вода е наполнета според дозерот
Домаќинки имам нова комода, но мајсторот си напишал со молив баш на светло дрвениот дел дека тоа е преден дел (при монтажа) го избришав со влажна крпа со средство го нема моливот но стои како трага дека имало букви и штиклирано (отсјај дава катастрофа) со што да го исчистам? И уште нешто кај да најдам мушамени подлоги илк гумирани подлоги да ја обложам внатрешноста на кујната?
@bella24 Ние дома земаме мушама од Земјоделска аптека на Бит Пазар.На метража се, колку сакаш толку ти сече парче.. А за моливот, немам совет.
Пробај стави на крпче сјај за садови и помини ќе се извади и мене така цела во шкртки ми беше кујната.
така и го извадив, ама се познава нема црно од моливот но има трага кај што било испишано, како бледа трага, ставив и политура да се потхране дрвото, но нема ефект
Здраво. За почетник како мене, барам совети: * како да ги сортирам алиштава * на колку степена да ги вклучувам да се перат * дали треба да отперувам некои посебно па да ги вклучам? ( оние скроз валканите -да, ама што имаат остатоци врз нив ) * на што смеам да користам онекнувач? * каков прашок да користам? Фала.
Сонце, јас можам да ти кажам како јас правам, ама пошто ова е форум може ќе слушнеш и други мислења па ќе си одлучиш како ти одговара на тебе највеќе. Алиштата за перење ги сортирам спрема тоа на колкава температура можат да се перат. На секое парче облека на етикетата одвнатре си пишува. Облеката ако не е многу извалкана, на пример летни маички, кошули и сл. што е носена најчесто само еднаш, ја перам на кратка програма. Најчесто користам и марамчиња за фаќање на боја во барабанот за да не морам да ја делам дополнително облеката и по боја. За перење на алишта на 30/40 степени користам течен детергент и омекнувач. Долна облека перам на 60 или 90 степени, без предперење. Се преслекуваме по 2 пати во ден, па сметам дека нема потреба дополнително да ги оштетувам алиштата. За долна облека користам прашок во прав, во моментот персил. Омекнувач не ставам единствено на долната облека и пуштам опција плавење екста. Постелнини и крпи исто перам на 60 степени, е тука си ставам омекнувач. Не преплавувам два пати. Сум перела и со обичен и со течен детергент. За облека на која има дамки, пред перење ставам средство за вадење на дамки и не ги преперувам на рака, туку ќе оставам да делува малку средството и во машина. Алишта многу ретко одперувам на рака, и тоа најчесто се работнички алишта, измастени со улје, трева, земја.. таквите ги киснам прво и на рака ги отпрувам па ги ставам во машина. Е патики кога перам, прво ги отперувам на рака, за да ја извадам калта и камчињата, а после во перална на 40 степени. За екста деликатна облека и градници, ја користам програмата за рачно перење. Ама како што кажав, на секое парче облека си пишува како е најоптимално да се одржува. Се надевам дека помогнав. Ако имаш уште прашања слободно прашај.
Help... Дали знаете од што може да се појават дупчиња на алишта? Бев сигурна дека во машината за перење ми се имаат зафатено на нешто, но баш сега гледам алишта што нон стоп ги перам рачно т.е ги плакнам дека ептен се деликатни и на нив има Во плакар секогаш ми се испрани сите алишта. Имам заприметено дека скоро кај сите алишта на кои се имаат појавено дупчињата се скоро исти.
Јас така мислев во машината се кинат но отпосле видов дека сушарата на неколку места ми закачувала и така сум ги оштетила..а може и со штипка да ги поткачиш..може и од молци ама тоа за гардероба што ретко се употребува и стои долго не проветрена, кај тебе не верувам да е тоа..
@Macito007 на кои алишта конкретно? Кај мене на некои крпи има така и тоа претпоставувам дека ради квалитетот, пошто не се некои квалитетни крпи во прашање. @SunnyGirl2 што се однесува на прашок јас моментално имам Дуел и задоволна сум, можеш да си земеш било каков за перење во перална. За рачно перење би ти препорачала течен прашок. Ја лично во перална ги перам 99% од алиштата освен градниците. Ги отперувам само крпите со кои чистам по дома, прво ги отперувам на рака за да не мирисаат на политура и да не бидат со прашина, ги сушам па ги уклучувам на 90 степени заедно со гаќи, други крпи, чаршави, бели чорапи, долни мајци и сл. Црните алишта како што ми се чорапи, тренерки, фармерки, црни мајци и такви некои ги пуштам на 40 степени, зошто мојата перална нема 30 степени. Некои посветли тренерки, маици за преку ден, пижамите си ги перам на 30 степени кратка програма со ладна вода околу 40 минути врти. Е сега зависи и каква перална имаш со кои програми. Ако на пералната имаш 30 степени црните можеш да ги пуштиш и на 30 да перат. Ако сметаш дека 90 ти е многу јако за бели, можеш да ги пуштиш на 60 со предперење или само 60. Јас обично чекам да ми се соберат повеќе алишта за да пуштам перална, од мајстор сум чула не е убаво пералната да врти полупразна. Прекривачи, кебиња, украсни чаршави, пердиња исто на 40. Омекнувачи имам разни и постојано купувам и ставам на сите алишта. Ако уште нешто не ти е јасно, пиши.
И јас така си приметив на неколку маички, и потоа ми текна дека е од тие пластичните за сигурност што ги ставаат, да не се краде (пример во Сити Мол). Може нема врска ова со твојот случај, ама чисто да имаш на ум ако си купувала од такви места.
Белџин, ова може било за старите машини, на новите во упатството си стои на која програма колку кг алишта максимум можат да се перат, дури некои и сами според тежината на облека внатре си одредуваат колку вода да примаат и колку долго да вртат. Јас мојата секој ден ја пуштам полупразна и ништо не и е еве 5 години, многу пати случило и по 3-4 пати во ден да ја пуштам. Не е убаво и машината да се преполнува особено ако програмата на која се пере бара помалку кг алишта. Затоа најдобро според упатството и машината да се користи.