Мојата и не е баш стара машина, фаворит е од новите. Ја имам неколку години и го имам читано упатството собира до 5 кг ама и јас никогаш не ја полнам до крај секогаш ја оставам малку отпразна. Иначе да, најдобро е упатството да си го најде за секоја перална ги има и на интернет упатствата.
Венецијанер ролетните собираат многу прашина. Јас ги чистам со влажна крпа редовно за да може полесно да се чистат. Немам искуство со чистење со туш.
Не знам. И мене ми беше чудно, ама вика дека така најубаво се переле. Еве ако има некој искуство од форумов, нека сподели. Јас заради тоа чистење не ставив венецијанер. Во претходниот стан имав и се неисчистени ми беа.
Не сум домаќинка ама ќе си прашам тука, мажите не знаат за ова . Имам 3 пара фармерки кои мирисаат ужасно дури и откако ќе се исперат. Веќе 4то перење им е, омекнувач ставаме премногу и пак мирисаат на некој чуден мирис, а поготово па кога ќе ги поносиш 2-3 дена мирисот е многу појак, одвратен. Чаре?
Од омекнувачот смрдат, плус недосушени. Накисни ги во вода со алкохолен оцет (на литро вода чаша оцет). После тоа во машина испери ги и остави ги убаво да се исушат. Не ставај омекнувач.
Не ставај омекнувач и не ставај премногу прашок. На која температура ги переш и каков прашок користиш? Непријатниот мирис зависи од многу фактори. Може материјалот им е лош, може ги переш на погрешна температура, може прашокот не одговара.
Зашто би смрделе од омекнувачот? Инаку никогаш не ги имам ставено во шкаф недосушени. Ќе пробам со оцет На 30 степени, толку им пишува на етикетата. Користам savex/perwoll. Можда и материјалот им е лош пошо само тие мирисаат, ништо друго.
Кога користев омекнувачи, алиштата секогаш се усмрдуваа од нив. Тешка хемија се. Сега, не користам никакви омекнувачи, ама баш ништо, алиштата никогаш не ми се усмрделе оттогаш. Пушти ги на повисока температура, немаат гајле, јас на 60 степени сум перела фармерки, ама не на програма за памук, туку програма за синтетика.
@Annath нели ти се крути алиштата без омекнувач, ставаш некоја природна замена или ? Од омекнувач ми се засмрдуваат ама ако постојат некористени, но се случувало и после една год.не користено алиште да си мириса убаво на омекнувач..стално се прашувам до што е, дали има врска и составот на омекнувачот, ваљда некои се поквалитетни некои не
Фармерките многу ги усмрдуваат уште кога го бојосуваат платното, па после го ставаат во некаков раствор за да се изедначи бојата на тексас платното. Да не ве чуди ако мирисаат на тешки хемикалии. Иначе може да смирисаат од што не се досушени, ама тој мирис се познава и со убаво перење и добро сушење исчезнува.
Имам неколку алишта на ќерками што ги има извалкано со кармин. Никако не се вади, пробав со Frosh за бебе што е не се вади. Има осетлива кожа затоа страв ми е со др.да пробам Некој совет...
Кое средство би ми го препорачале, со убав мирис и квалитет, за чистење на ламинат ? Имам матријал ламинат во кујната, на лавабото и шпоретот, така ми е констрирано. Па кога готвам ми се праи мал хаос , а мислам дека само со сјај и со обична крпа, не е скроз доволно чисто и не дава некој добар мирис , па сакам нешто по профи што ќе има пријатен мирис...
Мама подот го чисти со Ајас вања можеш и работните површини со тоа.За ламинат е, најубаво прашај си во маркет средство да ти препорачаат.