@Macito007 излупи ја кората од лебот и остави го да се исуши и протриј со лепчето.Би требало да успее.Или со пена за бричење.
Дали можам кожно палто да перам во машина? Или на рака само да го накиснам во прашак па омекнувач. Или па да го пуштам во машина за осетливи алишта.
Крути се ако ги пресушам, иначе не. Користам алкохолен оцет како замена. Не сакам ни јас ни деца да се труеме со омекнувачи, кога веќе имаме избор. На хемиско носи, да не го упропастиш во машина.
Домакинки имав стикер на тексас палто и го извадив,но лепакот остана.Како да го извадам лепакот? Пробав со крпа и со пегла небива
Ти пишав пробај со ацетон или залепи друг стикер за камуфлажа Или пак пробај стави од хартијана за печење на местото и така пројди со пегла.Само со пегла ако пројдеш ем ќе ја уништиш пеглата ем ќе го дозамачкаш лепакот.Или дувај со фен упорно, треба топлина за да се одвои лепакот.Ако ти е вистински тексас нема да изгори за тоа не се секирај.
Колку оцет ставаш? Сакам и јас да пробам и плус некоја капка чисто етерично масло ама никако да се наканам
До ознаката за максимална количина. Исто како омекнувач. Цело купатило ќе мириса на оцет, ама затоа алиштата ќе мирисаат на детергентот/прашокот. Мајстор за бела техника ми кажа дека оцетот ги кинел алиштата, а јас досега не сум го приметила тоа. Но не го ставам на секое перење, преку две-три перења најчесто. Во зима не ставам, алиштата ми се меки од сушарата.
ЗнАчи не е за постојана употреба. Ај баш ќе пробам и со етерично па може нема да мириса од него. Мене не ми е за мекоста туку за избегнување на хемикалии.
Сјај за садови FAIRY од лимон експресно брзо ми ги вади сите можни флеки , и потоа си ставам нај нормално во машина да се исперат алиштата одкако ќе ја извадам флеката со помош на сјајот .
Девојки како да отстранам непријатен мирис од пералната? Перам со рубел прашок и омекнувач бохор ама алиштата особено црните чим ги извадам од машина многу лошо мирисаат, ко на влага. Инаку да напоменам дека чим заврши пералната веднаш ги вадам, да не стојат. Ја пуштам барем еднаш месечно машината со сода и оцет да изврти празна на најката температура. Вратата кога машината не пере постојано ми е отворена и ја пребришувам редовно. Филтерот редовно го чистам. Друго не знам што може да е проблемот. Може тој прашок/омекнувач не одговара во комбинација или пак не е за црни алишта. Вие со каков прашок/омекнувач ги перете црните?
Јас со Perwoll за црни ги перам и ставам омекнувач (најчесто синиот на Lenor или Ornel). А алиштата во боја ги перам со црвениот Perwoll. Убаво мирисаат и само со Perwoll кога се испрани. Најверојатно мирисот кој се јавува е од омекнувачот... Пробај да го промениш.
Така ти мерисаат од бохор омекнувачот и од рубел ... смени прво прашок и омекнувач и ќр видиш разлика земи обекнувач нс дуре тој синиот и прашок на савекс па да видиш рај дома
Пак јас... ми се направи дупка на патиката ( мрежестиот дел напред) од цигара. . Нови се и не сакам да експериментирам. Дали знаете со што може да се спречи проширувањето на дупката? На стари сум пробала со шиење али мн грдо доаѓа.
Не знам за каков модел се работи и јас имам мрежести летни спортски патики , стави слика ако не ти е проблем па ќе кажеме некое решение ако има.
Од Џамбо купи си стикерче и залепи го. Има инатересни,во ќесенца повеќе различни се продаваат а стојат кај блоковите и пластеликот. Ако несакаш стикер, однеси ги кај чевлар,можеби има штеп машина па ќе ги закрпи.