@queen007 алкохолен оцет со сода бикарбона, неколку пати само да постои малку,или пробај со полирапид или сахо или некое сл средство за бигор[/QUOTE]
Девојки дали некоја од вас има машини за перење и сушење(кондензациска) една врз друга и дали нормално си функционираат? Сакам така да ги ставам ама плус и да ги затворам како во шкаф да не се гледаат, мислите ќе може?
Неможе ни едната ни другата не треба да бидат затворени во шкаф Треба да имат простор од страните и од позади поготово сушарата бидејки изпушта многу топлина Најдобро е една врз друга со држачи ке си купиш специјални држачи за сушара ги има по нептун сетек
Мене фармерките после неколку носења, гнасно ми мирисаат..Не на урина туку на непрано.. Мајка ми сите фармерки заедно ми пере со ловец на бои, става детаргент и омекнувач..Џабе е сè после неколку носења исто како непрани мирисаат.
Не мислам на после неколку носења, туку кога се нови купени, не знам дали го имаш забележано тој мирис Со едно перење џабе, не исчезна мирисот
Аа, не сум забележала искрено.Никогаш досега не ми мирисале непријатно од ниедна продавница и ниедна боја. Пробај на друга програма или со друг детаргент? На Инстаграм имам гледано, ги ставаат фармерките во кесички за замрзнување ама оние поголемите и ги оставаат некои 30 мин или повеќе во замрзнувач.Имам читано и дека сода биларбона помага, да ги квасиш во вода и сода. Содата е познато дека отстранува мириси, баш ќе пробам и јас некогаш.
Упропастив едно ќебенце од овир меките со кратко влакно како прекривачи што може да се користаѕ за детски кревеѕ. Розево со бело р и белипт дел осиве од моја тренерка темна, а розевиот е малку потемен ама не изгледа лошо толку колку белиот. Со што да го извадам дали со следно перење ќе излезе и дали ќе се упропасти ако исперам на 60с?
Што да направам за бркање мушички? И тоа невообичаено освен по храна што одат и на прозори ми седат . Што може да биде причина и како да се спасам од нив. Сигурно ќе речете овошје ама нон стоп имаме овошје во дневна па не сме имале вака. Не дека ги има во преголем број фала богу ама не сакам да ги има ич ако е можно.
И кај мене во соба ги има многу..а не чувам храна или такво нешто.Многу пати ќе оставам чаша со вода на бирото и сабајле ќе видам куп удавени мушички внатре..Мислам дека лаванда, рузмарин може да е спасот.. На интернет ова најдов.
многу често ми се дешава алишта кои подолго време не сум ги носела да се сосмирисаат чудно здиплени во плакар. Што мислите од што може да е?
Од омекнувачите и ако се недосушени. А особено од омекнувачите. За фармерки и општо, за непријатен мирис на алишта, само алкохолен оцет му е мајката. Во леќенче со млака вода се раствора пола филџан до филџан оцет и се кисне облеката, најубаво преку ноќ. Исто, ја фиксира бојата. После да се исперат нормално во машина и при перењето место омекнувач, ставете малку оцет. Ќе го снема мирисот.
А од што ти фаќа бигор? вода од чешма користиш? јас ставам дестилирана и веќе 8 год како ја користам без проблем пеглава ..