Како да препознам дали е убаво стасана зелката или е премногу омекната? Само една имаше на горните листови црно а старите ме убедуваат дека ништо не и е јас прв пат ставам па не ми останува друго освен да им верувам. Онака е многу мека во раце кога ке ја земеш и кочанот е малку омекнат. Ја имам ставено така што кочанот е засечен но не е изваден цел. Што мислите? Инаку водата е бистра. Јас мислев дека здрава зелка треба да има цврст кочан а не кога ке притиснеш малку со прстите ко да се распаѓа: Ама можеби не се сите такви. Ги фрлив тие што беа одозгора такви но и надоле ми изгледаат меки . Би сакала ако може некоја да ми објасни како да препознам дали е здрава зелката бидејќи тие што ми велат дека е убава ми помогнаа во ставањето па незнам колку да им верувам Најдобро ќе познам кога ќе пробам сарма да направам но нетрпелива сум дотогаш да слушнам мислења.
@LejdiD ако зелката стоела повеќе од 3 недели, и редовно е ,,точена,, тогаш би требало да е готова.Оваа година беше топло па претпоставувам дека си ја ставила почеток на Декември. -Бојата на главата на зелка е златно жолта боја, еден знак. -Пробај ја на вкус, карактеристично за готова зелка е мирисот на самата зелка а и киселкаст вкус што ,,реже,,, втор знак, -Ако е мек листот , се витка, трет знак дека е готова. Водата е бистра зашто си ставила доволно сол.Доколку водата е матна тоа значи дека нема доволно сол. Ако осетиш дека си ја пресолила (како јас оваа година), истури дел од расолот и стави чиста вода од чешма.За ден два ќе се отсоли. Горните листови и јас ги фрлам, некако ми се неубави и тегави.Од убавите големи листови си правам сарма, а срцето на зелката се прави салата
Благодарам на одговорот значи ќе да е убава. Мене ме исплаши дека многу мека и ко што велиш тегава на горните листови и затоа. Ама па сите знаци ги има што ги наброја има и мирис нормален и водата бистра а има и боја ко што треба. Инаку ставена е околу 15 ноември така да поминато е доволно време.
Здраво сакам да ве прашам три прашања: 1.Како ги перите црните алишта кај мене дали од прашокот или од пералната побелуваат? 2. Како да го исчистам страничниот дел на каминот? 3. Дали знаете што да направам на црни фармерки да не ми се лепи паршина, на секое носење мора со селотејп да ги поминам?
За црните алишта.. Прва опција ти е течен детергент за темни алишта. Ако веќе немаш течен, тогаш прашок.за перење со кој си переш и омекнувач ама во преградата каде ставаш прашок стави прво алкохолен( бел) оцет.И бојата ќе ја задржи на алиштата и мекост ќе им даде.Не се плаши, оцетот ќе го осетиш само додека врти пералната.
Фала. Имам пробано со ајакс ама нешто до крпата ќе да е .. си остануаат такво никакво бело, заматено.. ќе пробам со таква крпа ,и евентуално средство такво .... ме нервира многу. .)
Прво мојш да ја ижулиш со сунгерче и полирапид или обична киселина за јадење што е, да ја попориш по стаклата и само со крпа да пребришиш.
Здраво сакам да ве прашам три прашања: 1.Дали на некој начин може да ја вратам црната боја на црните алишта кој се побелени при перење? 2. Како да го исчистам страничниот дел на каминот? 3. Дали знаете што да направам на црни фармерки да не ми се лепи паршина, на секое носење мора со селотејп да ги поминам?
Мој совет: Прсни средство за стакло и пребриши со брисач хартија.Јас огледалото и клуб-масата со тоа ги чистам бидејќи од микрофибер крпите остануваат прашинки. Само пребриши со брисачот и толку.Не плакни со вода, ништо.
Здраво феминки, блазеси ви кој за баклави, кој за чистење само јас и моите цимерки мака мачиме со лебарки срам ме фаќа воопшто да пишам за такво нешто. Вака ние цело време одржуваме хигиена, во почетокот ги немаше толку, комшиите под нас имаа доста, па прскаа во цел студентски против нив, што убаво ги снема и наеднаш во последно време црнила е од лебарки.Не можам во кујна да оставам било што, највеќе одат по топлото и не знам како не умираат се буткаат во шпоретот и горе на ринглата. Уште шо не пробавме ама таман ги снема едно време и пак. Совет некоја дали имала ваков проблем?