Мајки нова капа како плетена на мм сум му ја ставила на вриење по грешка и сега е раскашавена има некое решение да ја вратам како што беше или не ?
Тешко да ја вратиш. Волна на вриење таква станува. Пробај да ја испеглаш преку крпа колку да ја оправиш малку.
Во Рамстор со купони има убави тенџериња и тави од Братство. Има и вакви решетки. Може да ми кажете за што се користат овие решетки?
@MIA-SK Решеткиве се со ,,фи,, колку тенџерето. За готвење на пареа. Можеш брокула, прокељ..и таквите продукти кои лесно се барат во вода, да ги готвиш на пареа. Имам видено вакви садови, ама се малку подлабоки, овие на Братство не сум ги видела до сега.
Претпоставував дека решеткиве се за готвење на пареа, ама ме збуни тоа што се некако премногу плитки.
Феминки ми треба итно совет незнам каде погрешив. Треба да правам торта за роденден. Започнав да ја правам меѓутоа додека ги матев со шеќер никако јајцата несакаа да се згуснат. Мајками ми рече дека треба да се на собна температура ги оставив отприлика стоеа сат и половина.. Неможам да сватам каде погрешив. А и јајцата беа свежи. Што може да биде проблемот?
Мислам дека не се згуснуваат и ако садот во кој си матела бил мокар..Барем мене тоа ми рекоа кога истото ми се случи.Од тогаш па наваму внимавам да е сув садот и сум немала проблем.
Здраво девојки. Имам еден проблем, ве молам споделете искуства. Кога ја пуштам машината за алишта, прашокот не ми го прима. Користам ариел прашок, за бели и црни алишта. Горе во делот за прашок го ставам прашокот и после некое време кого отворам, прашокот си стои, само е намокрен и е како на грутки. Се надевам ме разбравте
Е па, плитки се, зошто овие садови факт. служат ко прицврстувачи на долниот сад и одозгора ставаш нов сад во којшто ќе готвиш на пареа. Нема директно да ги ставиш на овие, тоа секако.
Па најверојатно така ти прави зошто е многу ладна водата или е слаб притисокот на вода, не може да го земе убаво.
Подотворија малку фиоката,сосема малку и слушни дали шушти т.с дали доаѓа млаз на вода. Ако нема пробај извадија фиоката внимателно,често знае да биде запушено отворчето.
Не знаев каде да прашам па тука ми текна, ако има посебна тема нека се префрли. Каде да побарам стилист, уредувач, декоратор (не знам точно како се вика со еден збор за уредување на стан, во смисла на вклопување на бои, елементи, предлози за украси.. Ако знае некој кој се занимава со ова молам да ми предложи
Мајки споделете ми искуство во врска со правење фил на торта. Вака: Во изладен пудинг треба да се измати со путер, арно ама кога и да прам ми се прават грутки од путерот, вкусно е ке се изеде ама не е убаво, за гости ми е, да личи малу на крем, вака без врска е, мајками вели прво да го изматам путерот па да го додадам на пудингот....
сакам да прашам купив перална и сушална од беко но кога ги пери и суши како да ја гужва облеката ? дали таква е сушалната или јас некаде грешам во пуштањето ?
ајде да ве прашам .. на поклон добив куфер (прибор за јадење) досега сум купивала куферчиња ама без шифри .. е сега воа е со шифра ама не можам да го отворам .. е сега дали знаете обично кои шифри ги стават ??