Кифли не се топлат во микро, ги суши или ги гори. За да ја исчистиш микробрановата, исцеди еден лимон во филџан, стави го на најјака температура нека испари. После само пребриши со крпа или кујнски бришач. После тоа помини ја со влажни антибактериски марамици, не би требало да мириса. А ако уште има мирис, кога не ја употребуваш, нека стои внатре едно мало чиниче со сода или мелено кафе.
Домаќинки сакам да си купам џогер но не оној што е како со влакна ко од јаже сечено а ни оние што се со сунѓер. сакам нешто во ваков стил. Ве молам препорачајте ми.
Кога притискам да пуштам пареа на пеглата одоздоле излева кафена ко валкана вода капки. Што е проблемот , како да а прочистам
Во делот кај што се става вода, стави алкохолен оцет разреден со вода. Пушти ја пеглата да грее и после стискај да излезе пареата. Би требало да се исчисти.
Средство за да се пребрише и дезинфекцира површина покриена со мувла? Не може да се отстрани мувлата, ама ми треба нешто за да се одржува чисто и да биде безбедно. А идеја немам со што. вода и сјај не вршат работа многу.
Земи си Саво, во спреј е и баш е ефикасно за вакви работи. Само многу грдо мириса, обавезно луфтирај и по можност не оди натаму да не ја вдишуваш миризбата, мирисот на средството е ужасен.
Саво нема да заврши работа за ова, се работи за голема површина и за простор каде нема никаква вентилација или прозорец, а нон стоп тече вода. Нема ни да се исчисти мувлата, а веднаш се појавува нова. Затоа ми требаше друго средство за чистење. Размислував за доместос, или со раствор 100 алкохол за изџогирам, ама страв ми е да не направам беља и да летаат спори на сите страни.
Се преселувам во Март од стан во куќа и бидејќи сум со бебе, не сум во можност да ја исчистам куќата пред преселување па ми требаат жени за чистење на грубите прашини и ѓубриња пред ставање паркет. Се јавував во неколку фирми за чистење но ми пресметуваат по m2 цена која мене не ми одговара бидејќи просториите се празни. Површината на куќата е 200 m2 на два спрата(100 горе ,100 долу) нема кујна, регали за бришење маси и слично само купишта прашини на под кои можат да се соберат со метла и правосмукалка и 16 прозорци со различни димензии. Плаќање по договор. Превозот е обезбеден. Молам за препораки доколу имате некоја која може да ми помогне.
Во Серта да се јавиш да пробаш? Тетка ми има исто голема куќа и ѝ ја чистат без проблем. https://zk.mk/chistenje-i-mienje-servisi-i-uslugi-firmi Тука имаш уште фирми.Се надевам ќе завршиш работа.
Ќе вртам утре кај сите повеќето гледам затворени се моментално. Па се надевам ќе најдам некој да ми излезе во пресрет. Благодарам многу, ќе пишам искуство.
Жени, ајде помош. Имам бела пелена рачно плетена аманет ми е и не сакам да ја фрлам . Е сега, не се сеќавам како ми потемнела. Оддамна не сум ја извадила, има шанси да и ја вратам белата боја или да не се трудам?
Не знам за плетено, ама ако е сосема бела, разредена варикина или белило треба да помогне. Ама да не го оштети материјалот? Немам искуство со плетени работи. Освен тоа, потемнето, пожолтено од стоење тешко се вади. Инаку да разредиш варикина со вода во однос 1:1 или 1:2 (еден дел варикина, два дела вода), да постои во тоа неколку часа или еве цел ден, па да ја испереш регуларно. Би требало да обели. Ама како што кажав, не знам за материјалот. Јас сум обелувала памучни материјали и синтетика, плетено не.
Пробај со варикина испрскај.Нека отстои некое време, 2-3 саати и измиј ја површината.Ем ќе се исчисти, ем ке се дезинфицира.2 во 1 ќе добиеш.
Дали може стакло на комода да се направи црно?дали постои некој спреј или нешто слично? (Пробав со фолија ама не успева од надвор кога лепам се прави меурчиња,а од внатре кога лепам изгледа како искршено огледало ..)