Жени помош итно ми треба знам дека прашањето не е за тука но незнаев каде да го поставам. Фустанот ми се исчупкал на едно место а вечер треба да го облечам со што да го тргнам исчупканото ако има начин??
оваа тема можеби и најактивна зато атука поставувам прашањево, доколку има соодветна тема нека се премести. кога оваа година е саемот за мебел? барав не можев да најдам а знам во март е.
http://www.skopjefair.com.mk/exhibitions.aspx?sub=Mebel73&menu=6&tip=3&id=Saemi&year=2019&exh=1 На странава пишува од 18 април треба да има, ама ако е како ланскиот во Борис Трајковски подобро да нема.
Дали може црвено со црно работничка униформа да се пере на 60 степени????? И плус блуза скроз памучна црвена боја дали може на 60 да не се собере? Јас ги перев на 40 но не се исперува убаво сакам да ги пуштам на 60 ама не сум сигурна. Исто така користам течен детергент Нила и во последно време ми уништи повеќе алишта после перењето остануваат бели флеки од прашокот. Ве молам поискусните домаќинки да ми кажат во што е проблемот?? Значи флеките се чистат но зошто така излегуваат алиштата да потенцирам дека не сум ставала повеќе детергент до цртката само дури минатиот пат и малку помалку од страв и пак така излезе. Имала ли некоја вакво искуство.
Moжеш слободно.Ама за секој случај стави си и едно ливче ловец на боја.Јас ги користам тие од ДМ на Denkmit и многу се ефикасни.
И блузата на 60? Од оние скроз дебели блузи е од внатре цела со памук. Инаку и на блузата и на униформата има везени БЕЛИ букви ми е страв да не се обојат?
Мм има исто таква униформа црно со црвено ама не е скрос памук перам на 40/60 кога како со ариел/персил супер е се , ако има флеки третирам со арис де грас или сапун па пикам во машина . *Пробај на 60 ама со 600/800 вртежи не на мн јаки , и не мн долга програма , и види како ќе е па следен пат ќе знаеш , и додај и марамици за боја ако имаш обавезно. *за белите флеки , кај мене се има така јавено од Первол и не го користам повеќе , Нила и Первол може се ок и доста се задоволни , ама јас ги избегавам заради тие причини ( бели флеки , а памтам и кај свеки се имаше исто случено со на мж ми униформата од нив ) со ариел или персил течен никогаш ми се нема случено тоа . До Нилата е .
Дали и како ги перете јакните од еко-кожа (скај)? До сега ги носев на хемиско, ама се мислам да ги исперам во машина на програма за осетливи алишта што трае само 15 минути, со малку вртежи на центрифуга. Некој совет?
Јас сум перела Од што ми беше страв да не ја уништам, ја ставив јакната во навлака од перница, зашто има патенти и на ракавите, да не удираат на вратата од машината. И на центрифуга ја пуштив, на 600 вртежи. И омекнувач и ставив. ОК си беше. Кога се исуши ја намачкав со обичен крем за раце.