Сестрами ја има купено машината Кирби ( велам машина затоа што е во вистинска смисла) колата ми ја среди поубаво од на хемиско, креветите од 2007 купени ми ги испра како нови абе све што ке посакаш
Хелп домаќинки. Вујна ми ставила бела блуза шо шарени алишта. Сега блузата е цела со жолти флеки. Има спас или? Мака ми е нова од детево комплет му беше. Ја ставив сега во белило да постои некое време, ама ако не успее друг предлог?
Јас пред некое време си исфарбав со розе кругови и следно перење испрскав со фрош средство за флеки со пумпица и се излезе
Женски сакам да ставам рамка на ѕид. Дали има начин да ја залепам со нешто пример дали силикон би фатил? Не сакам да употребувам шајче за да не го оштетам ѕидот.
Хелп Машината за алишта не ми ви пере убаво белите алишта, кога ќе ги извадам целите се како со влакненца низ нив како,чаре?
Имам гледано едно видео такво, ама ми беше страв да пробам. Треба да биде пуштена пеглата и држејќи го парацетамолот со пинцета или слично да поминуваш по површината, така иде?
помогнетеми како да исчистам рерна и решетка од шпорет? сум гледала едно видео како во сад со вода и сјај за садови се става во рерна се уклучива на 130 30мин ама неуспешно беше кај мене, некој друг начин?
мене претходно ми препорачаа перметал средство,за рерни било. јас имам пробано со вода оцет и сол или сода беше не се сеќавам,чисти ама лошо мириса
Здраво девојки сакам да ве прашам дали некоја знае како да ја извадам светкавата трака/лента од фармерките? ми се скина пола и сега на ништо не ми личат фармеркиве а ми е се едни од омилените фармерки што ги имам... ве молам ако некоја знае нека ми каже? фала многу... поздрав
Барам решение за завеса, ако може некоја членка со сличен проблем да сподели. Над прозорецот во дневна имаме греда, а сакаме да поставиме завеса арно ама нема простор да се постави корнизот, затоа што крилото на прозорците ке удри во него кога ке се отвара. Корнизот мора да биде под гредата, а не од предната страна на гредата затоа што се губи бааги простор (широка е гредата) плус на нејзи веќе има поставено клима и е невозможно . Ставам слика од интернет со ист случај на греда како нашиот, гледам има решение и за вакви проблеми само незнам што да барам точно каков корниз. Јас ги знам само тие плафонските и оние висечките со алки.
Здраво.Ние исто не сакаме да употребуваме шајки и да ти кажам сите слики рамки и се што е на ѕид лепиме со едни двострани лепенки. Значи тие се лепливи и од двете страни и ни завршуваат работа.Слободно пробај.
Да не мислиш на дуплофан, лепакот како селотејп само што од двете страни лепи? Ако не е тоа, ќе сакаш слика да ставиш и од кај ги земате? И дали можат да држат уметнички слики големи? (патем мислам дека и со лепенките ако сакате да ги извадите ќе искорнете парче од бојата на ѕидот