Си купив нови тренерки, горниот дел е црно со бело ги исправ и сега белиот дел е цел флеки. Премногу пуштаја боја а ги перев во ладна вода. Има ли начин да се спасат?
Здраво, може ли да ми дадете некој совет или мислење? Имено нешто постојано ми ги гризе алиштата ама само памучни, значи ќе извадам мајца на детето таа со дупчиња две три, поминува некое време ќе најдам блуза со дупче ама мн е чудно како гризнато е а не е мн големо. Молци знам по волна одат значи не се. Исто така мислев од машината е ама кога видов нова блуза со етикета дупната значи не е машината... ми е страв да не е некој глушец ама тој нели по храната би одел??? Оххх ако знае некој нека ми одговори.
Stavaj lavanda i lovorov list vo alistata ako e od molec mislam keti pomogne i sapuni otvoreni mislam se stavase kaj alistata,probaj
Со што најлесно може да се исчистат прозорците од засушена боја? Викендов имавме белач дома , а ние бевме цел ден на свадба и не стигнав додека е пресна бојата да забришам.
при чистење на собите дали користите некое дезинфекционо средство? Чистам со средства за подови чистам пајажина и се но некако имам чуство како да не ми е се исчистено. Осеќам како влага да има како мувла да има...
Со средство за дезинфекција не се отстранува мирис од влага и мувла. Влагата се остстранува на соодветен начин, доколку е мала површината.
измеѓу гумата и вратничката на пералната имаш простор изедена е гумата и тука ги потфака само они меки алишта памук шо викам јас најубавите и ги праве како дупки чаре? да се смене гумата на пералната ако може у мојов случај вика мајсторот нова перална
Ги користи ли некој влажните марамици на Gloss? за што најчесто ги употребувате? а да, и капсули за перење , чистат или? золвицава ми донесе од Персил а јас освен прашак за перење ништо друго не ми е јасно
Марамиците се океј за дрвени површини ако ти смета мирисот на политура. Не се којзнае што ама вршат работа. Капсулите се супер, ама имај во предвид дека 1 капсула е за 4-5 кг алишта. Јас за полна машина од 8кг ставам две.
Не знам ни како да го поставам прашањево ама ќе пробам некако. Машината за перење има едно црево и тоа се става во тоа како чешма (од кај што иде вода). Е сега тоа треба да е нон стоп пуштено? Да тече од него вода? Или кога ќе ја пуштам машината таа сама ја влече водата од тоа?
Мувла на ѕидовите како да се исчисти или замаскира додека не се реши скроз проблемот (на лето ни закажаа да средат) Грдо изгледа ептен, јас бришам со сретства, ама пак флеки се познаваат.
Ова средство: дефинитивно е најефикасно. Моментално го решава проблемот, ама не и трајно. Само, кога ќе нафлиташ рачунај да не претојуваш во просторијата, многу мириса. Среќа не се задржува мирисот долго.
Моето е секогаш пуштено и кога ја вклучувам машината таа сама ја влече водата.Во случај кога патуваме го затворам вентилот
вентилот треба да е секогаш пуштен кога ке дојде ред да зема ода она сама си влече вода значи отворен вентил и уживај