Не работи машината. Машините се доле во подрум, само неколкумина ги чуваат во соба. Сакав да знам дали некој ни го затегнал вентилот. Баш пред да се "расипе" еден човек беше кај машините, а нивната машина им е во стан. Го извадив цревото и не тече вода, а за вентилот мора клешти па утре ќе купиме. Ќе го одвртиме и ако протече вода значи тоа е колку што сфатив. Машината е нова, дали 10 пати е пуштена, не би требало да се расипе мислам.
Епа сигурно ви е затворен вентилот ќе видиш по машината чим не прима вода,значи е затворен срцка.Господ да чува какви се злобни луѓе има.Па дали можеш и ти твојата да си ја качиш дома ако имаш таков вентил супер.Секогаш проверувај пред да ја пушташ да не ви го затвориле вентилот за да не ти се расипе така машината
Здраво феминки ми треба помош!!!!една пријателка ми донесе алишта за бебуш бодиња шпихозни, ама мирисаат на Нафталин. Ги пуштив во машина на 60степени ама сеуште мирисаат чаре?
Даа, зуе кога ја пуштам. Ајде ќе средиме сега. Среќа што секогаш чекам 5-10 минути инаку ќе се расипела ако сум ја пуштела и си отидам.
Не знам дали е за овде прашањето но мислам најбрз одговор ќе добијам. Ми треба жена за чистење во домот која што би можела да доаѓа и на час. Да ми препорачате од ваше искуство, некоја што доаѓа кај вас и што сте задоволни. Имаше една женичка се викаше Елена од Лисиче, но го сменила бројот и не можам никако да ја најдам. Ве молам пишете ми ЛП за препораки доколку ги имате, или доколку знаете за која Елена зборам. Мерси
По колку дозирате од течните детергенти во машината? Ја ставам по 2 капачиња , па се размислувам дане е многу (оти ем ми копаат алиштата на течен детергент , ем 3пати перам и толку нема)
Нормално е едно капаче на полна машина. Никогаш немам ставено две, тоа е премногу. Последно купив еден мн јак па ставав една четвртина од капачето. Ако штедиш добро е да ставаш пола капаче или една третина, нема потреба од цело.
Да пробаш со малку ацетон и памук? Последно масата од медијапан со ацетон ја чистев. Детево ушљака мастило.
Не, ни со влажни, ни со циф, ни со паста не излегува. @duffi ,ќе пробам. Малата зела пенкало и си чкртала на патиките
феминки на голема мака сум: на сликата има бели пантолчиња и хулакопчиња предходно пуштени на вриење, излегоа со вакви кафеави флеки слично на рѓа, значи исклучиво пуштени со бели се работи за машина Беко од 2004 год и лани предходно ваѓаше вака еве сега пак, од што може да биде? треба нова машина или..
Женски хелп. Се преселивме во стан, и гарнитурата од користење е потемнета. Суво чистење со кирби дали би помогнало? Или да ја поминам со некое средство за материјал? Препорачајте ми некое решение.
Пробај со некое од средствата за мебел. Јас користам Глос. Се ми вади. Дури и траги од мастило/фломастер. Ама за тоа треба 2 пати да ја исчистам гарнитурата.
Хемиско чистење да видиш колку земаат. Најдобро решение. Или пак сама со ова... http://carwash.mk/category-mafra/category-vcistenje/Fabric3in1?limit=25