јас бодињата од синко 6 години што ми стоеа ќе ги перам на 90 степени а шарените на 60 со прашак и сода бикарбона.
Каде можам да најдам стапчиња или држачи за поп кејк? има специјални? или некоја замена ако може идеја?
Во Џамбо има во делот каде што се монистите за децата, колажите и пластичните чашки во боја. Има и стапчиња дрвени како оние за сладолед , во разни големини.
Избледена боја на костим за капење, некоја идеја како да "го дотерам" Жолт е btw, освен нов купување и овој е малку носен
Како да исправам тексас фармерки без да ги пеглам? Згужвани се од перење, ако ги дувам со фен ќе пуштат малце? Ќе им фрлам некоја капка вода одозгора
Каснам доста со муабетов, ама ја имам истата мака, неколку маици на маж ми излегоа со ситни дупчиња. Мојата машина е нова, Ариел не користам, значи не е во прашање нешто што советуваа другите членки претходно. Моја претпоставка беше дека машината е со многу јака центрифуга и ги кине ако се малку алишта а пуштена да на најмногу вртења. Сега место на 1200 пуштам на 800, нови дупчиња не сум нашла, па прилично сум сигурна дека тоа беше проблемот. Оние маталките што идат со миксерот, не обичните нормални, него другите вртени како локна од коса што се, за што служат? Никогаш не сум ги користела.
Со Первол да пробаш Бошке,лајк њу сериозно долго време го користев црниот за црни и зелениот за шарени
Да пробам...ама да ги перам секој ден изглеа ќе треба ))) Ќе ги пензионирам изглеа. Знам дека од Сара фешн купачите се крш и упорно купувам
Odi prasaj kaj ovie sto prodavaat tekstilni boi. I probaj so niv da gi isperes. Jas taka crni farmerki gi opraviv.
Мене па не ми се толку лоши Сара.Минатата недела баш ги распакував,имам едни плави дводелни,купени пред точно 10 годинигајле нематосвен тогаш ако биле со подобар квалитет
Да не рече боја по мене кога ќе излезам од вода? Мислам дека тоа е поверојатно, да биле тогаш со подобар квалитет.
Nema da tece so sigurnost. Ke fati za eden den. Ne slikarski boi, tuku tekstilni. Prasaj vo ovie prodavnici za boi i lakovi.
Со малку (било каков) прашок ако го переш на рака. Ако во машина исто како се друго што се пере ама за посигурно пробај на 30 степени. Или станува збор за некое поспецифично капче?
Жени чаре за потемнет мијалник? Од нигде никаде ми се направи како исфлекан. Не е бигор или 'рѓа. Пробав со средство за бигор не излага. Не знам колку се гледа од сликава во живо е очигледна разликата.
Можеби има за ова пишувано наназад, ама итно ми е немам време да прелистам. Вака...вклучив шарени алишта на 40. Внатре едни детски шорцеви тегет боја пуштиле боја направиле лом. Има ли спас,како да ги вратам во нормала? Речиси сите алишта имаат флеки,а некои се целосно модри.
Јас шарените алишта ги перам на брзата програма со ладна вода и никогаш не ми се случило да ми се обои нешто, ем се добро испрани. Инаку мислам дека со тек на време низ перењето ќе излезат дамките. Ми се има случено идентично исто од еден розев чорап по грешка ставен неколку бели мајци целите со флеки. После неколку перења не се ни приметува дека некогаш имале флеки.