Во КАМ има марамици Колор Кеч'р. Под итно уште еднаш на прање стави ги, ама без шорцевите, ќе извлечат боја.
Кај шо живеам нема Кам маркет... ги ставив сега повторно на перење,без шорцевите на60 степени па ќе видиме. Не мора скроз,малце од малце да се поисчистат. Фала за одговорот
Си пишува на самите прашоци за која намена се... Обично со colour/white/universal се означени. Вениш за многу валкани алишта и/или за флеки кои тешко излегуваат.
Исправ бели пантолони со прашак персил и малку хиперманган, ама можеби не се растворил убаво и на 90 степени ги пуштив, па на пантолоните има кафеави флеки преку цела предна страна. Ги пуштив пак на вриење, и пак имат флеки. Има ли чаре како да ги спасам?
Сериозно сфатете ме. Ако спакувам мафин во фолија за подарок, значи фолијата го допира мафинот, може нешто да му бидне на мафинот? Ќе ги јадат деца и страв ми е. Некако ми замириса фолијава ама најверојатно на фолија ми мириса. Не пишува каква е поточно или фолија си е фолија? Проѕирна е. Не сум глупа колку прашањево верувајте ми.
Здраво, имам прашање. Само што купивме гарнитура и бебево ми се искака на неа Пробав да го истријам местото со сунѓерче и сјај ама пак остана флека. Пробав и со малце прашок и пак ништо. Одкако ќе се исуши се познава кафеав круг а е светол матерјалот Што да правам?
јас еднаш ставив розовко бањарче пушти боја до крајот на перењето алиштата сепак излегоа чисти,инаку да напоменам со прашакот ставив и една лажичка сода бикарбона
Најдов една многу убава суќна од времето на мајка ми, баш се сега модерни тие, е сега од стоење има жолти дамки некои и ја перев ама џабе не се тргаат. Решение некое, ептен е убава, сакам да ја носам?
Од Фрош има средство за дамки, го купив за бебето. Маж ми имаше стара кошула пожолтена под мишките, 3 пати ја киснев со средството, се измачив трљајки, ама речиси сосема излегоа. Можеш да пробаш со тоа.
За стари, отстоени флеки на облека го препорачувам средството Омино бианко. Го има во маркетите, но во Кам е поевитно.
После гости обуени плочките во ходник ми се како мрсно матирани... Пробав со сјајно средство за плочки и пак како некој сало да мачка по нив е... Пробав со вода и сапун исто пак е мрсно... хелп
Пробај со Арис средството за одмастување што е. @MarigoldA истиот случај го имав, го изчистив со средството што го спомнав погоре.
феминки ми треба совет. Дали користите метална решетка за садови? брзо рѓосува или? таа што ја бендисав е 990 ден сакам да се отарасам од пластичните