Користам, на два спрата е. Отприлика две години ја користам и цената беше околу 1000 ден негде. Задоволна сум, не ми 'рѓосала до сега. Според цената и на твојата, не би требало да е од тие што 'рѓосува брзо.
Јас да ти кажам па воопшто не сум задоволна. Ја имам нецела година и веке ми е 'рѓосана а ја платив дури 1500. Така да се зависи од квалитетот, цената не е мерило
и мајками истото го вели, за една год и рѓосала па затоа побарав совет, па ќе видам ке побарам поефтина да не ми е мака
Најпаметно така дифинитивно, да не ти биде криво а еве пак на мајка ми ја зема некаде 800ден 6та година тера
Женички здраво. Кажете ми со што ја чистите кујната а да не е јако средството бидејќи во дневната клја ми е споена со кујната спиеме со малата заедно па да не мириса.
Дали некоја можеби знае од што перените алишта ми мирисаат на одстојано, нечисто? Пробав и со различен прашок и омекнувач, џабе. Ја пуштив машината празна на 90⁰ со сода и ицет и пак исто. Да не има некое средство нешто, стварно се не знам што да правам. Исто машината ми пере дури 3ипол до 4 часа кога не е пуштена на еко, на еко знам повеќе време перела. Дали знаете можеби дали тоа се мести некако, оти стварно е многу време. Ви благодарам
Не ги досушуваш убаво или ги оставаш влажни долго време, па од омекнувачот се умирисуваат. Алиштата испери ги со прашок, оцет и сода, не ставај омекнувач, ќе излезе мирисот. За должината на перењето, тоа обично е до самата машина. Програмите на повисока температура обично се подолги, а она што приметив, кај поштедливите машини, т.е класа А+++ програмите подолго траат. Колку повеќе плусеви има, толку се подолги.
Како беше магијата за чистење рерна? Со сода и оцет да отстои намачкана? Видов во друга тема и Авакс сретството го фалат па може и тоа ако го најдам.
Сода бикарбона насоли и бел оцет стави. Остави ја да постои малку, да раскопа растворот. Ова воедно и мирисите од рерната ќе ги собере. Ако немаш сода бикарбона во моментот дома, можеш да употребиш прашок за машинско перење.
За одржување на иверка имам искуство со влажните марамчиња наменети за чистење мебел од Веро Џамбо.Средства не користам зашто некои оставаат траги што и со сува крпа тешко се отстрануваат.
Користам Ваниш има специјално за теписи, vanish carpet така мислам се викаше има слика со тепих на насловната позади има упатство колку капачиња на литар, задоволна, го земав од Рамстор
Како можам “суво” да го исперам тепихот на рака? Со крпа или четка? И кое средство да го користам? Имам крем тепих, не можам да го вадам сега за перење, ама сакам да го освежам малку и да пробам да исчистам 2 флеки. Фала
Многу често ги чистам теписите вака на "суво" Со мало дете не можам толку често да ги носам на перење ,колку што он ќе ги извалка . Користам вениш во топла вода и со четка ги чистам .Потоа ги поминувам со водена крпа (во водата ставам омекшивач) и на крај со сува крпа поминувам А за флеките зависи од што се ,најчесто прво прскам арис па чистам
Вчера скршив топломер. Многу сум успаничена. По нет читав све и свашта Живата ја исмукав со правосмукалка и одма ја извадив пластиката од правосмукалката и ја истурив во шоља. На нет читав најголема грешка е со правосмукалка да се чисти а ако сме ја исмукале дека треба правосмукалката да се фрли бидејќи со секое наредно смукање ќе испушта отрови правосмукалката. А и баш не сум сигурна дали ги имам сите топченца од Живата собрано. Ве молам за совети и искуства да споделите. Цел ноќ немам спиено од паники