Мене ми се скрши еднаш прашав доктор ми рече да ја соберам со метличка и надвор да ја фрлам да испари негде на земја кај што нема да ја фати никој... Јави се во аптека прашај сигурно знаат
Ајде помош малце. Пред недела и пол ми се јавија два полжави во станот кај што студирам. Се чудев од кај се, пошто до сега во година и пол седење ништо немаше од ова. И тоа без куќичка си беа. Сеа пред малце само еден полжав, пак на истото место. Оти така..? Спојлер пс. Кога идев, вклучив правосмукалка и (близу до таму кај што подоцна ги најдов двата) имаше истурено нешто како шербет.. Исчистив прво со прашок, па се отстрани.
Голи полжави или Голички, јас на растенија ги имам видено по зелкиве а во куќа не, изгледа на мувла си седат, прашај во земјоделска ке ти дадат средство за дехидрација
Женски, со што го чистите бигорот од чешмите - а да не ги оштетите? Еднаш со Доместос лом ги направив
Или тоа или тоа користам за чешмите, зашто една и јас ја "изгорев" со Пулирапид. Арно се расипа, па ја сменивме.. Јас фино лепо заборавив дека ја потурив и едно 3 саати стоеше со Пулирапидот сигурно. Натопи со сокот и почекај. После со зеленана страна од сунѓерче помини и исплакни. Ќе светат.
Дрвени собни врати како да ги исчистам? стари се ке ги префарбаме ама има засушени флеки И копчето power на далечинскиот управувач нема контакт нешто е прегорено кај да го однесам на поправка? или да го отворам сама? :\
Здраво домаќинки од една домаќинка во обид.. Ми треба помош неможам да се снајдам со фурнава, не работи (нова е) најверојатно има некоја финта со сатот. Можам да изберам само програм за печење но не и температура. Дали некој ќе помогне?
Лево и десно ги буткаш копчињата за да можеш да подесиш температура и тоа другото не знам како се вика. Саатот пробај држи ги минус и плус одеднаш и треба да титне и да можеш да го подесиш саатот. Многу слична ваква имам дома
Треба да го отвориш далинското и да го пребришеш,мм најчесто со ракија и оамук го брише,сигурно има фатено како мрсно кај дугмето кај што не работи.
Ништо, го отворив исчистив пак не работи, ама само тоа дугме, другите функционираат, изгледа има нешо спој ке треба да купувам нов далечински фала многу
Ако гребаниците се мали и површински, пробај со безбоен лак за нокти, доколку паркетот е лакиран. Со него избледуваат, помалку се видливи и има сјај. Ако се подлабоки, единствено решение е машинско стругање.
Домаќинки ве молам за совет Машината за алишта ми ги вади со чуден мирис алиштата премногу ми пречи тоа Нова е некоја марка Телефункен ја добивме на поклон од кумовите за свадба ни стоеше одреден период бидејки имавме друга ама се расипа и почнавме новата да ја користиме нема година сеуште Не сум задоволна ни како пере баш не ги чисти убаво, кога ставам омекнувач одма го снемува не стои, незнам навистина што е проблемот Малите беа на викенд кај моите абе Алиштата кои ги перела мајка ми абе мерак да ти е да ги пружиш да ги облечеш мирисаат прекрасно а не користи течен прашок и користи Дуел жолт Пробав со сода со лимонтуз со оцет и на 90с ама безуспешно се што сум слушнала сум пробала Се надевам некој ке помогне бидејки мислам дека ке ја фрлам преку прозор некој ден