Има едни ко коцки со вреќички се стават внатре и собираат јас такви користев не се скапи..и има едно средство исто за чистење само да видам како се викаше и тоа помага.... А миризбата.. Луфтирај некој спреј стави освежувач, додека несе исчисти мувлата ништо...
Јас ја чистам со сјај и сунѓер, само полека внимавам да не ја изгребам. Пробај и ти, знам дека имаше начин со алуминиумска фолија ама ич незнам како оди постапката. Ако не излезе со сјај, пробај со сода бикарбона.
Како да исчистам кожни патики, превртена кожа? Крем боја се, се познаваат неколку флеки и ми е страв да не ги оштетам.
Во Веро Џамбо, на вториот кат скроз на крајот, каде што стојат некои ситни помошни додатоци за во кола и дома има паковање од 3 кафени маркери во различни нијанси, наводно за камуфлирање на гребаници. Не знам дали функционираат ни која цена се, ама верувам дека не се прескапи.
Татко ми купува спреј од Пеко за превртена кожа. Ако ти е успат види таму прашај ги дали имаат во таа нијанса.
Здраво девојки Со што можам да го исчистам пархетот ама да не се средства купувани. Оти сум слаба со буџет моментално не ми се фрлаат пари на средства а ме нервира што не е чист. Не знам дали само со вода и прашок ако му ставам ќе му биде нешто. И плочки исто така имам за чистење.
Прв пат гледам ваква машина Немаш ли некакво упатство? Види на гугл што можеш да најдеш, патем од кога ти е сликата, гледам како пред 5 години да е.. Колку е стара машината?
Бел памучен дуксер ми се исфарбал со тегет дамки во перење.Пробав со вениш,ептен малце извади. Со што друго да пробам?
Пробај директно на флеката да истуриш течен Ариел или Персил и остави го да делува некое време .Би требало да излезат флеките ,сега скоро мене така ми се исчисти. А и со Вениш сум вадела ама нели да ја направиш да биде погуста смеса како што пишува позади .
Здравоо Ми треба ваш совет Имаме нов потстанар што не плаќа ќирија и се служи бесплатно од мојата кујна. Г л у в ч е Навечер шета а богами и преку ден почна. Не знам да не се повеќе. Јас само 1 глушец видов ми се гнаси од помислата на болести и инфекции Кажете решение?