Може ако е преполна па да треска рипа, а за лошата миризба пушти ја еднаш на 90с со оцет и сода бикарбона, така би требало да неутрализира миризбата, и кога не работи пералната секогаш вратата нека и стои отворена, никогаш не ја оставај затворена освен кога е вклучена
Миризбата не е од машината внатре затоа што дезинфицирам туку вчера кога силно тресеше и рипаше замириса на изгорено малку...
Женски, ги наполнив сите тегли и шишиња со зимница, а сакам да правам слатко и лут сос. Кажувајте од каде да купам тегли и шишиња по нормална цена? Идеално од Битола, ама може од било каде.
Ни падна чинивче со слатко на подот и од шербетот има испрскано на ѕидот. Со што да ги исчистам дамките?
Препораки за места од каде што можам да купам чешма за во кујна и огледало за над омивалник во тоалет?
Пиши на нет : садопери за кујна и ќе ти искочат 200 страни. Нашиов дома е гранитен, врска немам од кај го имаа купено моите ама не би ти препорачала таков. Ептен треба да пазиш да не ти падне нешто, плус од водата бело фаќа ако не се одржава. Види си во Агротехна, Сетек, Нептун ако имаат
Здраво дами , имам плотна на Аристон и сега во последно време додека ми е уклучена многу често знае да почне да титка и автоматски ми се прави на 2 степена ( а има 9 ) , се додека не се истине ринглата титка , секоја рингла . Совет?
Водата не мириса од машината, водата мириса од хлорот што го ставаат, ко на мувла и тиња, баш таков мирис има. Јас стално мијам ножеви со дрвена рачка, ништо не им е, ни нив ниту на машината. Стави во машината средство за чистење, има различни по маркетиве, а може и сама да ја исчистиш, во делот за таблети стави сода, во делот за плакнење стави алкохолен оцет, пушти ја празна на програмата со највисока температура.
Nesto efikasno za odzatnuvanje na sadoperot probav so soda i ocet no neide nekako slabo predlog poefikasno sredstvo?
мајка ми купува едни ќесички од Кам мислам беше за одзатнување, и за во тоалетот ги користи и во кујната и до сеа ефикасни се покажале. Ако имаш Кам во близина побарај ги.Има цевка на лицето на кесичката. Пробај со кока кола за мрснотиите наталожени, пробај со некое средство за одзатнување од Gloss ? Пробај го и ова: истури на сифонот и во цевката сода бикарбона една кесичка и истури одозгора лимонов сок/киселина или оцет.Знам дека си пишала дека си пробала ама пробај вака, едното стави го па другото.
Една портокалова маичка од сушење на жица ми се има прошарано па не е ок за носење. Ако ја пикнам во варикина ќе стане бела?
Zdravo zenski dali znaete kako mozam da otstranam mirizba od skaeni pantaloni koga gi kupiv ne gi setiv a mnogu mirisaat
Пушти ја пеглата на температура на која обично пеглаш и земи една таблета парацетамол со пинцета, поминувај по залепеното место, после избриши со сува крпа. Ако има потреба, повтори. Може и да ставиш на залепеното место паста направена од сода и оцет, ама апчево е поефикасно.
Да ми препорачате некој помал и покомпактен соковник (за ладно цедење, не блендер)? Го имам power juicer, ама кај е огромен, па и тешко се мие...
Може некој знае... Дали е возможно да се стави некаква звучна изолација на таван во соба во зграда и како би се извело тоа? Фалаа
Може,со панели за звучна изолација. Тие се како коцки ај да не ти објаснувам еве ти линкови.... moetopotkrovje.mk › podobra-zvuc... Подобро звучна изолација со Кнауф drywall системите – Моето поткровје https://www.zvucnaizolacija.com.mk Звучна изолација на ѕидови, шумоизолација, цени https://m.facebook.com › posts Лав-Комерц - Izolacii: termo i zvucna izolacija 5mm... | Facebook http://moetopotkrovje.mk/podobra-zvucna-izolacija-so-knauf-drywall-sistemite