http://www.freshexpress.mk/index.asp Имаш локации и ценовник на сајтот. Јас во Веро 2 носев дупло ќебе, 350 денари, за 3 дена беше готово.
Флека од кафе на бела кошула? Пробав скоро се... Од сапунот за флеки, арис, омино бианко...уште се познава...
Мене еднаш ми помогна сјај за садови. Ќе ставиш директно на флеката, застругај малце и остави ја еден саат минимум. После тоа стави ја во машината со други алишта како што си ја переш и обично.
Со што ги чистите ринглите од шпоретот? Се случува ако некое тавче или тенџере не ми е скроз суво одпосле остануваат бели кругови на ринглата , а кога повтофно ќе ја уклучам да готвам кругот потемнува и не мириса убаво.
Пробај и со течен Ариел или Персил ,директно на флеката истури и нека стои некое извесно време и после испери . Исто можеш и со вениш кесичките за флеки на бели алишта,направи ја густа смесата како што пишува на упатството позади и директно на флеката .
На свежа дамка најмногу помага сјај директно и да одстои без размачкување, ама веќе сигурно ти е неколку пати исперена. Едино да најдеш од некоја конфекција имаат спреј за флеки.
Женски, дали ги ставате гранитните чинии во машина за садови? Или да ми кажете како да ги измијам најлесно, а убаво? Ги измив синоќа ама сабајлево ми се како шарени.
Вчера вечерта на светло сив дуксер накапав црвено вино и не ставив бело одгозгора пошто немаше Како да ги извадам дамките? Немам дома Вениш ништо такво за флеки, да пробам со сол па после да ставам Персил color gel и во машина? Ќе ме задави мајка ми
Дали некој има нарачувано постелнина од Оутлетон? Подолго време ги гледам ама никако да се одлучам, па ако има некој да сподели искуство.
Имам еден проблем, ни дадоа од работа кошули 100% памук,никако не можам да ги испеглам убаво. Со пареа,без пареа,на појака тем. на послаба никако не се пегла убаво. Совет? Финта некоја?
Има едно средство за пеглање, сум го пробала еднаш и помагаше малку. Е сега не прави чуда Пак треба да се помачиш малку. Ама многу е ефтино па можеш да пробаш.
Како да извадам флека од душек на лице место без да го перам? Поточно навлаката на душекот ми е извалкана, а повторно перење не иде во обзир бидејќи не ми ја собира во машината и на рака ја перев, цела недела се сушеше надвор.
Класичнирингли или рамни? За класични само вим. За рамни знам има посебно средство ама некои велат не чинело, мајка ми вика ок е.
Пеглајќи жоржетна кошула - ја изгоревв. Мало парче се залепи на пеглата и си гореше додека се залепи убаво Кажвајте пеглата како да ја исчистам
Си претпоставив дека има одговор за ова прашање во темава ама не можев да пребарувам. Фала многу, ке пробам со парацетамол.