Од што може да е, од машината во перење да излегуваат партали. Филтер чист, ништо не е искинато, нема ништо оштетено, нема заборавено палома или некое хартивче.. еве 3та машина по ред упорно вади партали.
Пудра за лице се вади со машка пена за бричење Наводени ја флеката со ладна вода, стави пена и нека постои пола саат, па истриј ја рачно и испери го палтото стандардно во машина. Мене секогаш ми успевало.
Палтото не е за во машина, ќе се уништи. А на рака да го заперам после делот кај што е извалкано? Крагната е, и тоа само мал дел, од вратот кај што сум се допрела.
Како да растопам бело чоколадо за да направам глазура од него? Т.е правев колачиња и мини крофни и сакав пола бели пола црни. Црните супер со што им додадов неколку капки зејтин на коцките чоколадо. Инаку ги растопував на пареа. Белото чоколадо јок бре. Како бел крем ми се направи, таа густина и поретко од тоа ништо. Пробав додадов млеко и ми пожолте смесата, и не личеше на ништо. Пробував само така чоколадо на пареа растопено ама кога ги натопував крофните премногу количина ми се лепеше на нив, нит мазни нит ништо. Дајте кажете начин за бело чоколадо убаво растопено како прелив/глазура врз колачи, сјајни мазни да бидат како со црна кога ги правам.
Како да се избелат фугите на плочки ? На подните плочки, белата фуга веќе е потемната сакам да ги исчистам ако има начин.
Јас со САВО ги белам. Имам пробано и со други средства, ама ниту едно не делува како САВО. Грдо мириса, на варикина и солна киселина заедно, ама ефикасно.