Кажи ми, дали ги полниш двете прегради со прашок, или само една? Ако ги полниш двете, тогаш треба да уклучиш програма што има претперење, во спротивно не го зема прашокот од таа преграда, само останува згрутчен.
Да, двете. Обично ја вклучувам само на 3 програми и сите имаат пред перење. Си го земаше прашокот ама еве последни 2/3 перења го остава како грутка, некогаш повеќе некогаш помалку остава.
Исчисти ја фиоката за прашок, извади ја, и убаво провери ја да не е затната некаде. После пушти ја празна машината на некоја програма за перење, или ако имаш за чистење уште поубаво, стави алкохолен оцет во бубањот и во фиоката и нека се исчисти.
Ок, фала ти. Фиоката ја вадам и ја чистам често. Ова со алкохолен оцет ќе го пробам, имаше и пишувано за сода бикарбона. Ќе пробам може ќе се оправи. Фала во секој случај.
Здраво, дали на некоја и се скршил живин топломер... Ги собрав големите топчиња, ама нареден ден најдов уште неколку мали... Страв ми е да не има сеуште, со мало бебе сум...
Дали некоја од вас има зимано вакви, се мислам дали се лепат добро, да не земам па да ми одлепи цел ѕид може прашањето не ми е за оваа тема ама неџнсев кај да пишам
@Molly.dolly скоро видов во некоја од групите низ фб и таму ги фалеа...лично не сум имала искуство со вакви.
Домаќинки ќе ве замолам за помош. Имам машина за горно полнење и прашокот за перење воопшто не ми го влече, а ако е со претперење без проблем го влече. Има некој искуство што може да биде? Алиштата не ми се перат
Може некок совет како се справувате со пвц прозори да не ви кондезираат? Значи ако ноќ кога спиеме не е пуштено парното се прави вода лом е вчера го пуштив на 2 ама не се дише бе со него неможеме да спиене а прозорите беа во ред. Нешто против кондезирање дали постои?
Да се јавиш во фирмата каде што ти ги местеа прозорите. Прашај ги како да наместиш зимски начин на прозорите. Пред две недели и јас дознав дека на прозорите се местело зимски и летен начин. Прашај може ќе помогне тоа.
Оф па не знам која фирма ги има местено тука во Германија. Ќе кажам на мм да праша ма работа тогаш да видат со фирмата негова бидејќи таков ни е станот од фирмата кај што работи мм. Фала ќе пробам.
Во делот каде што се затвара има едно што се движи горе доле, таму се поднесува летен-зимски. Е сега незнам таму дали е истиот механизам.
Не ти е достапна, потрошена е Инаку Мидеа не ми го препорачаа како бренд, месецов зимавме машина за сушење се залетав јас по Мидеа ради изгледот, но ми кажаа дека не се добри.
тоа за прозорите нема спас едино да имаш редовно провретрување и еден да е на кип цело време немаат канали внатре во пвц затоа кондензираат тоа се тие првите пвц додека да ги усовршат