се чисте угреана да биде а со пинцета ке земиш парацетамол апче и ке миниш со апчето врз неа ако немаш парацетамол кај тебе земи со некое абразивно средство и жичка стругни ја на ладно коа ке биде
ќе земеш црн бибер и кога ќе ги ставаш во машината ќе истуриш во алиштата, ќе ти ја врати бојата на црните алишта.
Здраво. Пред два месеци ја купивме правосмукалката и престана убаво да смука. Го исправ филтерот десно на сликата со вода го исушив и го вратив на место, додека филтерот од лево го извадив го поминав само со крпа и го вратив на место. На правосмукалката и се врати усисната моќ, но се јави чуден звук како свирење. Дали знаете што може да биде проблемот?
Ги има во некои продавници се за сто што се, и низ интернет имам гледано. А тие за мебел имаш од Џамбо и во Куманово во декор и дом има мн голем избор, можеби можеш да си натачаш преку нет
Ќе побарам на нет да видам дали може да се порача од Куманово. Дека со димензии ми треба во џамбо сигурно има од поедноставните . Фала
види низ рачката низ цревото да не имаш шмукнато некој лист од некоа китка или некое парце хартија знае да свире коа им заглавено така некој стикер некој лист од цвеке
Ја имам истата и истиот проблем. Се јавив на сервис, кажаа дека Хепа филтерот прави таков проблем (на сликата лево, правоаголниот). Мајка ми има иста ваква нова, и ај да не купувам нов филтер пробав со нејзиниот и стварно е до него, не свири повеќе.
Кај нас на сите прозори е подесено на средина. Каде всушност треба да биде поставено за сега за зимскиот период?
Да пробаш со средство за флеки, вака како најдобро ми се покажало тоа од Кам, Omino Bianco, стави на црните флеки да стои 10мин и после стави го во леген со вода и вениш.
Релна како се чисти најдобро? Со средствата се убивам со саати од рибања, самата опција која ја има за самочистење не го чисти горниот дел. И со сода ми е пробано и со оцет бапските финти на мајка ми исти курац. Да има некое средство како на рекламите само со крпче да поминам? Пс. Толку време имам.
Јас сум чистела со сода и оцет, Циф и сл. поточно што имам дома во моментот и ми се чисти убаво. Можеш да пробаш со оние пастите не знам како се викаат ама знам дека автомеханичарите ги користат за миење. Штом вади уље, би требало да извади се'.
Перметал. Вади се. Не знам дали го имате таму. Ама со долготрајна употреба ја оштетува рерната, односно го "јаде" металот. Затоа го избегнувам. Јас со обичен одмастувач чистам, а почесто ставам сода и после прскам одозгора со алкохолен оцет. Ја загревам на ниска т да се активираат средствата и после само пребришувам. Решетките ги чистам со едни жици со детергент на нив, за рибање, ги има во ДМ. И за загорени тенџери и тави се закон, ама мора ракавици оти ги рибаат и рацете. Ќе ставам слика покасно. Може и со нив рерна да чистиш, ако имаш време за губење.