Па како жолто што се обојуваат рабовите на кадата, со оцет не излегуваат ај ќе пробам со средство, некое да ми препорачаш да е добро?
Тоа мислам е од пената од шампоните што останува. И на нас ни се има праено жолто така ако останала пена кај сифонот или во близина на сифонот. Ја вц не чистам и врска неам со што чисти мајка ми али мислам дека со Gloss чисти сѐ. Пробај стави оцет на местото и одозгора сода бикарбона и нека седи малце и после со мрежа изгреби малце. Може закоравило. Или стави Глос, Bref
Дирекно на флеката сум посипувала и оставам да делува пола саат и со врела вода поминувам нит трљам нит ништо ама тоа додека бев во мк тука не сум ја сретнала по маркети можда има ама јас тука со бреф се чистам .
Со што чистите гарнитура? Сива е или барем беше. Сега е ужасна, на некои делови посветла, негде потемна. Многу гадно изгледа. Имав едно средство за гарнитури ама се познава ко флека после кај што сум ставила. Ми иде да ја фрлам од тараса.
Солната киселина е премногу силно хемиско средство и не ти препорачувам да ја користиш за када. Во зависност од материјалот (бронз или акрил) може да ја оштетиш. Пробај само со алкохолен оцет. Остави да отстои и исчисти со четка.
Штоф е да Дури се излити од толку триење до сега, џабе. Ама кога ќе ставам од средстово пак треба да го истријам со сунѓерче?
Да поминеш и со вода отпосле. Остануваат флеки од средството. А ако можеш да си дозволиш, викни хемиско. И мојава гарнитура е за чистење. Светла е и се познаваат флеки.
Пердињата под итно сакам да ги сменам. Планирам да земам од оние внатрешни платнени ролетни, многу убаво ми делуваат и функција и за око се топ. Каде можам да најдам?