Домаќинки, не знаев каде да го поставам прашњево,па ајде овде ќе прашам. На бебето му купивме пролетна јакна. Ја исправ, на прво облекување бебе мириса на манџа. Го мирисавме од глава од пети со мм, тие денови немав готвено дома се чудевме за мирисот. Ја помирисавме јакната, мирисаше капата. (јакната се сушеше на парно, во соба која уопште нема допир со кујна) Пак ја исправ јакната. Пак мириса капата на манџа. Ја потопив во омекнувач и исплавив. Пак мириса на манџа. Ја потопив во сода бикарбона, пак мириса на манџа. Дајте некоја идеа со што може да се извади мирисот, очигледно е материјалот, само на внатрешноста од капата е различен, ама смрди труе, ми е криво многу е убаво јакничето
Капата се вади од јакничето ? Ако да само него испери го ако не цело јакниче со омекнувач и не ја суши на парно ... пробај така бидејки некои алишат се умирисуваат ако се сушат на парно (пробај така незнам колку ќе има ефект)
Ќе мора цело да го препереш и ако можеш стај некое мало закачалче да се рашири капчето да е ко отворено рамномерно да се исуши незнам како да ти објаснам но да е потопло времево најдобро е надвор да ја исушиш но сепак не ја суши сега на парно Пробај нема што да се изгуби некогаш од влажниот воздух знае да се умириса некој матријал
Раствoри oцет сo вoда и така oстаj ќе исчезне. Мене така ми се умириса една тренерка jа убив oд перење и тoа пoмoгна. Мoжеш и вo машина дс стаиш каj штo ќе се пере jас така направив oцет и сoда ставив.
Здраво, Имам проблем со миризба на некои од моите алишта. Мирисаат на старо и на мувла, а причината заради тоа е станот каде што живеев кога бев студентка беше многу стар па миризбата ја примија алиштата. Веќе има две години од кога сум иселена од тој стан меѓутоа миризбата си стои. Кога ќе го отворам гардероберот мириса на мувла. Дури и алишта коишто се нови почнуваат да ја примаат миризбата. Незнам колку пати ги имам препрерувано и џабе. Доколку некоја од вас има искуство или знае како да се справам со ова би било супер да сподели совет со мене. ❤️
Купив перниче за бебе, се брзав ептен и стигам дома гледам розево е, а на кутијата беше сино. Чекам машко бебе и не сакам да биде розево перничево, дали можам некако бојата да му ја извадам? Бело барем да биде. Се јавив прашав дали може да ми го заменат рекоа не можело штом сум го отворила и извадила заштитниот најлон. Дали ако го исперам на 90 ќе побели или како?
Стаj си навлака. Пoдoбрo спoред мене редoвнo ќе си переш нема да ти се лепат влакненца пoгoтoвo кoга кoсичетo им паѓа. Патем педиjатрите препoрачуваат бебе да спие на рамнo без перниче.
Не бива навлака, ова е мало ептен перниче кружно со дупка мала за главата на бебето да не се смачка. Ми кажаа сите да си купам вакво за почеток.
Не знам како те советувале,ама, за бебе не треба никаква перница.Ќе ти кажат и во болница.Бебе спие на тврд душек и на грб или малку свртено.Како ќе си расте ќе си ја врти главичката и така ќе се оформи.Мое ќере е веќе 16 месеци и уште спие без перница.
Помош. Откога го исчистив филтерот и ја пуштив празна на вроење со оцет и сода се поремети машината. Стои на 25 мин и не оди на центрифуга. Можно ли е нешто да сум пореметила. Еве веќе два пати по ред вака ми прави. Го отворив повторно филтерот истече многу вода но се е чисто. Ја исклучив и повторно ја вклучив само на центрифуга поработе 2 минути и пак се врати на 25та минута. Алиштата не доперени. Ве молам за помош однапред благодарам
Како да извадам стари флеки? Се работи за памучно ќебенце кое го најдов складирано од пред многу години. Има некои жолти и бледи флеки веројатно од стоењето. Прво го ставив на 90 во машина, не се исчисти. Вчера прснав Арис де грас и го исправ. Пак си стојат флеките. Да беше бело ќе го чистев со доместос или солна киселина, ама сино е.
Некој бараше вакво за отнување ама не знам во кој група беше, како и да е изволте https://nama.mk/proizvod/alatka-za-chistenje-odvod-3/?utm_source=FB-higiena&utm_medium=CONV