Дечки кујната ми е од медијапан, ама мат, не сјаен. На некои делови што се повисоко се наталожила прашина многу и ако притисна појако со влажна крпа се брише, ама треба да се утепам од бришење. Чаре некое? Негде прочитав дека чистат со пронто, меѓутоа какво точно? Ми е страв со појако средство да не ја оштетам.
Не со парацетамол, ќе го фатиш со пинцета и ќе се топи тоа на врела пегла, па со крпа стопеното, зависи колку е, некогаш може и две да ти требаат апчиња.
Каде да купам убав севис шолји за кафе. Битно ми е да се од тенок порцелан и да се со некој помодерен дизајн. Цената не ми е битна.
Да видиш во Карес https://kares.mk/product-category/za-na-masa/accessories-sholji/ и во Ла Сои http://www.lasoy.com.mk/images/MK2020.pdf
На металната масичка на тераса имаме фолија што стои уште од кога е купена масичката (значи уште од лани).Фолијата и масата станале едно и сеа не се одлепува. Пробав со ладна вода и паричка метална да стругам ама многу има и не иде така лесно.Пробавме и со фен мајка ми одма се откажа. Да кажете чаре како да ја тргнеме фолијата? На интернет не ми наоѓа ко што треба
Iskreno od toplinata se sleala so masata sigurno i tesko deka ke mozes da ja odlepis. So pegla da probas nad krpa pa da vidis dali ke se oddeli koga e zagreana malku matkaje e ama moze ke uspee.
Не знам дали има посоодветна тема ... Имам многу сонце на балкон и се мислам помеѓу тенда и ролетни. Ролетните не ми се допаѓаат на изглед баш ама од друга страна повеќе заштитуваат од тендата не само за сонце туку и од ветер, дожд..Ваше мислење што е подобро?
Ролетни ти е подобро за на прозор, ама ако сакаш цел балкон да не го фаќа сонце, подобро ти е тенда. Тендата ќе го крие и балконот, а ролетните само просторијата (на балкон пак ќе има сонце).
Фала, не мислев ролетни на прозорот туку на балконот како заградено. Чудно е малку ама по Скопје има доста вакви па некако се навикнав
Има ли друг начин да убијам пајак, а да не го згмечам? На пример да го попрскам со нешто и одма да умре? Не можам сега усисивач. Не знам што да правам, а на смртоносен ми личи. Ако не го убијам јас него, ќе ме убие тој мене.
Го затворив во тегла. Не можам ни инсект да убијам, се мразам себеси. Мм не сакаше да стане и сакав да има купено сега некој нов скап парфем и пајакот во парфемот да му го затворев.