Тие што се со бебе, што користите сега за бубашваби ( И дали има некој светол умивалник како го чистите, мојов е нешто како песок бел боја напрскан така некако.. кузнај како го објаснив И вц даските и шољата со што ја чистите?
Мешавина од едно јајце, пченкарно брашно и борна киселина (ациди борици прашок побарај има во секоја аптека околу 50 тина денари). Брашното мора да е пченкарно поради тоа бојата е жолта и ги привлекува. Од "тестото" ќе направиш топчиња и ќе расфрлаш низ домот секаде каде што ги имаш видено. Ова е единствено што ми помогнало додека бев студентка. Ќе мораш многу да внимаваш бебето да не лапни такво топче (ако лази, ако е баш бебче нема гајле бидејќи тоа никако не мириса).
Ова мајка ми со години го правеше, имавме пекара на Жито Лукс под станот и вриеше бубашваби низ зграда, ама ова е многу ефикасно, кај нас во стан речиси ниедна бубашваба не проаѓаше.
Е ова е една смешна приказна која ја раскажуваме низ годините, наводно јадат и одат во леглото каде експлодираат ( )па другите бубашваби јадат од првава експлодирана и тие исто експлодираат Не знам кој е правиот одговор на прашањето, ама можам да потврдам дека имавме бубашваби низ дневна што шетаа преку ден, а со овој отров ретко ќе најдевме една сред ноќ во вц која ќе се скриеше во одводот. Само таму се појавуваше некоја чат пат. Во зградата имаше бубашваби додека не се затвори пекарата, ама ние дома не.
Имам ациди ама течност, мора прашок? Година ипол е не лази, повеќе за вц ми требаат.... Мислам дека доаѓаат од шољата вградена е во ѕид ама одоздола не е затворена :/ Страв ми е на друго место ставам сепак во таа фаза е пика во уста шо ќе најде.. А како функционира... Не ги убив сигурно.. Што е штосот?
Imam masina za perenje koja ja koristam veke 10 godini,ja miev plastikata kade se stava prasok za perenje i poglednav vnatre imase muvla fateno jas izbrisav so ocet ja izmiv plastikata drugo nesto da mi preporacate?
Прашав и во друга тема ама нема одговор па да пишам и овде. Знае ли некој зошто машината почна да го прима омекнувачот порано? Кога ќе ги извадам алиштата си мирисаат на прашок, значи мора да го прима порано и да го плакни..
Јас чистам или со арф или со сода помешана со алкохолен оцет и сунѓер и искача се. Има и ноже за чистење плотни, во Vicko го имам видено ама сигурно има и на други места.
Јас со мокра крпа ги бришам, до сега не сум имала некоја покатастрофална дамка да неможам да ја избришам. Имам слушнато дека со мицеларна вода излегувало се, немам пробано.