Женски, како да исперам плесирана сукња? Ми е страв во машина да ја ставам. Мислев на рака, многу нежно, со ладна вода, и потоа да ја ставам на закачалка пуштена надолу, за да си се исцеди и исуши убаво (за да не се исправи плесираното).
Плисираното нема да се исправи и во машина да ја испереш. Ако имаш програма delicate/gentle care пери на неа. Јас понежни кошули пуштам на таа.
Сега е ок, ама не знам до кога. Секоја патика си има свој век. Без центрифуга не можев да ги исцедам убаво.
Со што ја чистите рерната во вашиот дом? Препорака за средство кое делува брзо и е ефикасно. Досега чистев со сода бибарбона (200гр) и алкохолен оцет супер е но мора да барам алтернатива поради миризбата, имам мало дете.
Со неа можеш да чистиш купатило и дамки од бели алишта. За друго не сум ја користела. Се раствора во вода (за алишта) и се оставаат да киснат. На упатството пишува колку време. А за тоалет исто како да чистиш со средство.
Јас сум баш очајна домаќинка. Би ви била многу благодарна доколку некој ми помогне. Имам машина за перење алишта Beko wtv 9744 xwat. Месец дена истражував и одлучивме овој модел да ја купиме. Има ли некој ваква машина/ Имам проблем кога ги пере алиштата после тоа имаат многу мали ипки како топчиња и прашина. И црните и белите. Имам чувство како да ми ги уништува алиштата. Има ли некој со ваков проблем. Помагајте.
Препорачајте ми фирма за перење теписи. До сега ги перев во професионал, сакам да сменам. Би ги испрала сама, но во стан сум.
Zdravo, moze prasanjevo ne e za tuka, no ne najdov takva tema. Kolku treba da bide rastojanie od sosedi za otvaranje na prozorec ?
Доколку се работи за изградба на куќа минимумот е 3 метра а за тоалетен мал прозор 1.20 cm. За тоалетниот прозор треба писмена согласност од соседот. Ако сте на 3 метра не треба согласност.
феминки помош. Купивме машина за садови и сега треба нели да ја пробам па го читам упатството и ништо не разбирам. Пред првото перење вика ставете 1 кг сол и додајте вода. (дали може морска сол или некоја друга замена или мора баш сол за машини за садови?) Во диспензерите за детергент... дали може да се користи само едниот односно оној за прашкаст или мора комбинирано? Вика ако сакате подобри резултати додадете сол и средство за плакнење во машината.... што значи ова? дали морам да ставам средство за плакнење? Многу комплицирано ми изгледа. А планирав да не користам детергенти туку читам луѓето си прават домашни (3 капки Обичен сјај за садови сода бикарбона и малку сол). Што мислите за ова?
Има специјална сол за машините за садови и нејзина намена е да ја омекне водата ако е многу тврда, бидејќи бигорот од водата се таложи на грејачите. Со обична морска сол не знам дали може да го постигнеш истиот ефект. Еден диспензер е за детергент, другиот е за сјај. Детергентот може да биде прашкаст, течен или во форма на таблети, ќесички и слично. Сјајот за машината не е обичниот сјај за садови што се користи, туку е специјален сјај кој не е за миење на садовите, туку служи за плакнење. Немам искуство со домашни детергенти за машина за садови, ама и не знам колку е препорачливо да се користи обичен сјај за рачно миење садови, оти прави многу пена, па може да тече вода од машината. Наместо сјај за садови во диспензерот за сјај, некогаш ставам алкохолен оцет, не постојано, туку повремено. Не е ич комплицирано користењето. Ако има некој искуство со домашен детергент за машинско миење садови, нека сподели. Јас не знам и не би ризикувала.
Да. Сјајот е за машината, детергентот за садовите. Ти пишува на машината кога и фали сјај. Кога ќе ти се појави знакчето дека и фали сјај и туриваш, и тоа нема врска со детергентот. Детергентот го редиш пред секое пуштање на садовите
аха. на колку перења отприлика се става сјај и која му е намената дали за сјај на садовите? читам некои ставаат оцет наместо тоа.