Сега кога компирите ги сваривме ај пак на перење да удриме Имам проблем со перење на бели алишта. Некако ми ја губат белината, па стануваат шантраво бели, не бели-бели... Како ги перете? Со што? На која температура? Ме интересира и за 1.долен веш и 2.секојдневни бели маички, хеланки, блузи, шорцеви (овие од вторава точка ми се особено проблем)
Долен веш исклучиво на вриење, а останатите (од точка два) зависно од материјалот, на 40 или на 60 степени за соодветниот материјал. А како да останат бели, може зависи и од прашокот за перење. Досега најбели ми биле со Персил, ама пак овде во Скопјево не може алиштата да ти останат бели, особено ако алиштата ги сушиш надвор.
јас за бели алишта користам веке подолго време мерикс и навистина е преубав, алиштата се бели и убаво мирисааат и не е многу скап
А бе жени, ем пробувам со вилушка дали се сварени и пак ми се недоварени некои компири. Е аман веќе Се откажувам од варењето компири. Туку ај и јас нешто во врска со перењево. Сигурно секогаш не ја полните пералната со долен веш. Со нив што ставате? Постелнина? Јас ставам постелнина најчесто... Друга идеја што да бутнам со долниот веш да се пере ? П.С Анатх, колку капачиња од первол ставаш за црни алишта? Доволно е 2/3 од капачето ?
јас искрено ставам се што е бело заедно, значи веш, крпи, маици... се што може да се пере на вриење на 90 степени, ако чекам само веш да перам кога ке соберам за една машина А и јас да прашам нешто, кај можам да најдам од тие топките за течен прашак???
A како ги вариш? Цели или пресечени на резанки? Јас кога ги варам си ги сечам на еднакви резанки,така ги варам пократко и полесно се проверуваат дали се добро сварени отколку ако е цел компир.
Јас денес видов се продаваше заедно со еден течен детергент, само не го запаметив името. Топката беше врз капачето одозгора. Ама ми се виде непозната марка на детергент и не го купив (а и скап некако ми беше). А само топка не сум видела да се продава. Ако има некоја вишок, нека ми пише ЛП, ќе дадам адреса да ми ја прати Кога ми требаат за компири салата ги варам цели или ако се поголеми ги сечам на пола. Кога ми требаат за домашно пире или било што друго, ги сечкам на коцки. Ти имаш? Кога да ти дојдам на гости ?
Не знам како правиш компир салата ама јас правам нешто налик ова http://userealbutter.com/recipe_photos/ ... salad5.jpg и притоа компирите уште пред да ги ставам да се варат ги сечам како што се на сликата и не им треба многу долго варење, си вадам по едно компирче на страна да пробам дали е варено и штом осетам дека е таман ги тргам. Водата одма се цеди и малку после остави ги да се подизладат за да не се раскашават и раскршат ако се многу жешки. Инаку за пире исто така си ги сечам на вакви резанки http://us.cdn4.123rf.com/168nwm/deriufr ... slices.jpg и исто така за брзо време се варат, лесно се пасираат и супер излегува се Ако се преварени пирето ќе излезе со грутки.
Секоја машина има различен програм. А и нашата е нешто изместена За бели алишта користиме само Ариел, најубаво ни пере. Зимно време мајка ми ги врие и на шпорет на дрва со сапун за перење, па ги пика во машина и можам да кажам дека тогаш се најбели. За црните и шарените користиме Duel. Со долната облека ставаме и навлаки за перници, чаршави, пешкири, но крпи за садови не. Нив ги вриеме на шпорет со сапун и прашок. Можам да се пофалам дека наротски кажано - ни греат алиштата.
Кај нас свекрва ми „строго“ Ариел за бели и Первол течен за црни, и + Первол за шарени. Па 2,3 омекшивачи и цела бања со детергенти, омекшивачи, средства за чистење е расфрлана. Иако сега гледам зела Дуел, и прекрасно мириса. Ние со белите алишта ставаме се што е бело и што може да оди на вриење значи долна облека, маици за спиење и пижами, пешкири, бели хеланки/фармерки, бели чорапи и крпите од кујна. Бидејки неделно се менуваат две постелнини (нашата и нивната) а сега летно време тоа е 2 фротирки, 2 чаршава и 4 навлаки за перници, тоа оди во машина, со посебен потраен омекшивач . Е сега свекрвица-домачица ја пушта машината на програмот за вриење, но само со прашак, и кога ќе заврши ја враќа повторно но овојпат со омекшивач. Ем алиштата се снежно бели, ем се совршено исплавени за јас да не фатам некоја алергија од прашакот-зошто и тоа може да се случи . А и мајка ми правеше некои слични комбинации, така да и јас покрај нив две кога ја пуштам машината на овој принцип оди, првин перење па после плавење, е сега струја трошиш како две машини со алишта да си испрал, ама па хигиената е пола здравје, така да таа е пред се. И да не ме сфатите погрешно само машината со бели се враќа од почеток, оние со црни и шарени ги враќаме на плавење и тогаш додаваме омекнувач.
Кога се во прашање прашоците за перење,јас сум малку покомплицирана и деликатна. Гардеробата секогаш ја делам,освен по боја и по квалитет.Некои парчиња перам исклучиво на раце.Некои на 30 степени со течна Лира,црните и шарените на 60 степени со Дуел,а белите на вриење со Дуел исто така. Е сега за алиштенцата на ќерка ми си купив Мерикс за бебиња и и ги перам одделно од нашите и омекнувач бел Дуел,исто за бебиња што е. Омекнувачот ми е најбитен фактор во перењето на алишта и обожавам кога алиштата мирисаат на омекнувач.За нас користам неколку типа: Бохор азур, Силан лила/розев и Фелче азура. Машината за перење ми е од Горење и е релативно нова, така да немам потреба да враќам програми,ставам се на едно и прашок и омекнувач,а ако има потреба и Вениш гел, местам програм и си терам работа
Прво користев Бонукс, понеубав прашок сме немале. Во секоја смисла. Ариел ми е премногу агресивен. На некои алишта им останаа од зелените топчиња и сега се како флеки, не се вадат со ништо. Овде Ариел не е со тој квалитет како во странство. Факс и Персил ми се дефинитивно најубави прашоци! Вениш не ми помогна за една најобична дамка! И за други работи не се покажал како што го рекламираат до толку.
Јас топка си имам кога си купив вениш имаше одозгора топка за в машина и сега течниот тетергент го ставам в топка и машина.. За бели {вриење}си го користам Ариел со ленор нај добро ми пере а сегогаш белите ги пуштам со предперење и алиштата секогасш се испрани а ставам долна облека,бели маички,крпи,кујнски крпи,постелнина,навлаки,и се друго што е бело а си користам ленор плавиот и ленор зелениот а за шарени ариел колор,за црни нила црната па досега сум задоволнаа кажетее и вие како ги перете алиштата .
Уф, муабетот за топките ме пресече... Јас порано користев обичен прашок во гранули, или како ли се вика тој. Неодамна почнав да користам течен, и по навика продолжив да го ставам таму кај што се става оној во гранули, а за топка ама на крај памет не ми падна! Мора ли да е во топка, или не мора, ама препорачливо е? И онака сега си купив пак во гранули, тешко се менуваат навики Само имам уште течен, па да си знам
Јас колку што сфатив подобро било доколку течен детергент се ставал во топка, подобро се переле алиштата. И ние дома го ставаме ваму горе во тоа фиоката каде што ставаме од обичниот и досега не сме имале замерки во однос на чистота на алиштата.
Annath секоја чест за Omnio Bianco. Ми извади флека од пред 3 години ама јас упорна не ми се фрлаа најубавите бели панталони и само така ми зафаќаа место во плакарот. Утре ќе им се израдувам ќе ги носам. Домачици, земете го ова италијанско средство, туф како до сега не знаев за него
Штом е толку ефикасно ќе и кажам на мајка ми да купиме, од правењето на ајвар имам безброј флеки кои не успеав со ништо да ги извадам
Најдов едни преубави сребрени обетки кои тато и ги подарил на мајка ми кога полнела 20 год. Потемнеле троа и бидејќи имаат циркончиња на нив, сакам да прашам со што би можела да ги избелам, ама цирконите да не испаднат?
Во едно ѓезве стави вода и сода бикарбона и така извриј ги. Ќе светнат и ќе бидат како нови а цирконите нема да изпаднат