Како да исчистам бигор од гранитен црн умивалник? Пробано со оцет, сода не сака да излезе тоа што има фатено како бело бигор. Ми го предложија саво за мувла, но ми е страв да не му направи нешто. Секој довет е добредојден
Со што да исчистам флека од гиро, т.е масло на тегет боја тренерки. Пробав со вениш, сјај за садови, и два пати пред тоа ги перев со дуел во машина за перење алишта не се извади флеката а нови ми се не сакам да ми бидат само за по дома... Секој совет е добредојден...
ги пробав сите трикови да не ми загори млекото но безуспешно. Но дали е можно да е до тенџерето? Предложете ми каков материјал на тенџере да изберам при купување а да не ми загорува млекото. Едно млеко сварам 3 дена го киснам и рибам... мислам дека го изгребав. Бела боја
Ростфрај е добар материјал.Ама и во него може да загори. Ако е 6 мах, вари го на 4 . Подолго ќе трае но не би требало да загори.
Дали можам вентијага со пердуви да исперам во машина,страв ми е да не ја уништам или да носам на хемиско.
Остави малку вода на дното од тенџерето и вари го на тивко. Не е до материјалот, баба ми вака цел живот го вареше во секакви тенџериња. Ако имаш сушара можеш, зашто пердувот бара многу сушење и мора во сушара инаку ќе остане како топки внатре. Ако немаш, на хемиско.
Го пребришував фрижидерот од надворешна страна со Арф. Сега гледам дека се останати како флеки со потемна боја кои никако не можам да ги измијам. Не се класични флеки, повеќе изгледа како да сум го изгребала фрижидерот но не ми е јасно како кога цело време користев сунѓер и тоа од меката страна. Дали можеби на некоја му се случило истото? Инаку фрижидерот не е од оние сјајни металик боја, туку обична, сива боја. Не е мат туку си има свој сјај.
Афр се користи кога сакаш да исчистиш нешто, не за пребришување. И после Арф се брише со влажна крпа, како да го измиеш. Не се остава на површината. За друг пат да си знаеш. Исто важи и за арис, фрош и слични.
Знам за што се користи, тоа и ми беше намерата, имаше дамки кои сакав да ги отстранам. Секако дека пребришав со влажна крпа само не земав предвид дека би можело да се случи ова. Обично го користам за шпорет/мијалник во кујна па затоа си помислив дека можам и на фрижидер. Нема врска, се случи веќе .
ц ц ц.... нема ни месец дена како реновиравме се, и се почна да откажува. помош, ламинатот на едно место се подигна маааалце но доволно за да го закачам со стол и да се откачи парченце.... што да правам? или не го наместиле убаво или се подигнал од Сонце или не знам што го бришам секој ден со влажна крпа.... Имаме ваков мебел во бањата и како што реков нема ни месец дена.... е денес видов дека дрвото почнало да се дува и се откачува од кант-траката доле на вратичките што се под лавабото... да не спомнувам дека по секое миење раце го бришам да нема некоја капка... Дали навистина толку шунд роба ни шиткаат на нас тука во мк или што? http://dbd.mk/wp-content/uploads/2019/10/IMG_20191009_140536-1024x1705.jpg
Значи имам еден проблем.. На кадата, се појавуваат едни како дамки што се засушуваат и многу тешко се вадат треба да ги гребам нежно за да се вадат. Не знам дали сњ појавуваат од сапуниците или од што. Се знаат воочливо. Дали постои некое средство со кое можам да ги отстранувам или нешто што би можела да превземам. Многу ме нервираат нова е кадичкава а и после секое бањање ја одмивам не оставаме сапуници.