Јас мојата јакна со пердуви ја перам во машина со три тениски топчиња внатре (така е според упатството) и ја сушам на жица надвор, веќе три години и немам никаков проблем.
Ми треба помош , пералнава ја имам веќе 10 месеци и никако незнам да пуштам перална. На која се бели а на која темни? Бели пуштам на cottons но максимум 60 ° c има не 90° c исто е и со cottons eco . Темни пуштам на dark care но часот ме буни на времетраењето на перењето кое трае 2.30 мин некако не е многу.
Истата ја имаме. Бели перам на таа што си ја одбрала на втората слика: Cottons Само што температурата ја местам на 90С Некогаш го одбирам тоа: Маичка со три цртки, место две. Cotton eco не сум употребувала до сега Црни перам на: Dark care Шарени, зависи што материјал се, колку се валкани.. итн.. Ако се чипки и прслуци, на: Delicates Ако се памучни, како ќе ми швркни: Dark care, cotton 40-60C Ако се синтетички, на: Synthetics
Баш сега проверив има 90°C на cottons. На cottons eco максимум е 60°C . Ме буни времетраењето на перењето . Па затоа се си мислам дека не знам да пуштам и дека нешто е погрешно а дарк знам дека е за темни но часот е предолг ... Ок . Ти благодарам
Прво, ламинат не се брише со влажна крпа, ич, не па секој ден. Ќе прими влага и после можеш да се сликаш. Второ- веројатно ви продале иверка не медијапан за купатило, затоа се дува, апсорбира влага. Купатило по дефиниција е влажно место кое мора убаво да се ветрее а мебелот би требало да биде од материјал отпорен на влажност.
Кај поновите машини, т.е штедливите, времетраењето на програмите е подолго. Колку повеќе плусеви во ознаката, толку подолго трае. Нека не те буни тоа.
Маж ми купил сирење поголема количина и кантичето го ставил во гепек. Му се истурило од пресолта и сега цела кола мириса на пресол. Цело време е оставена со отворени прозорци , но сеуште мириса. Некое решение освен хемиско чистење ?
Две блузи не децата примиле боја и тоа сина Ставам од марамите за боја незнам како тоа се случило прв пат оваа ми се случува Двете блузи се бели, веке 3часа стојат во Вениш сега ги подигнав уште се обоени Дали има спас или не
Ако се скроз бели, варикина во топла вода и испери ги на 60 или ако дозволуваат на 90 уште подобро. Ако се со други бои пробај со Арис или некое друго такво средство и исто на 60.
Девојки помагајтеее Ќеркичката ми ги испиша столиците со фломастер, како да го извадам, а да не ги оштетам? Од еко кожа се.