Една јакна се избои розева од тренерка. Ја ставив во доместос со вода 10 мин и јa ставив на 90 степени со прашок. Дали ќе излезе бојата. Искуство?
Од што конкретно? Чешмите ги чистам со Циф и после прскам оцет и сода за сјај. Туш кабина и лавабоа со пулирапид.
Ми треба помош. Досега алифченцата од бебе се сум ги пуштала заедно и бели и шарени со марамица за фаќање боја и немало проблем... се до вчера. Ја пуштив машината на 40° и црвените тренерки сите бели алишта ми ги направиле розеви. Поштедете ме од непотребни коментари и онака жива си се изедов, знам каде ми е грешката. Прашањето ми е дали со елиминаторот на непосакувани бои на Dr. Beckmann би си ја вратиле првобитната боја? Дали некој има вакво искуство или да се помирам и да ги фрлам? П.С. дел ги откиснав во Варакина, сега повторно е пуштив машината на 90° степени со претперење, во преградата за претперење ставив повторно Варакина, а во преградата за второ перење обичен прашак и Вениш за бели па ќе видам дали ќе е успешно.
Исто и мене ми се деси, палто од бело стана розево од црвена тренерка. Го ставив во доместос 10мин. а потоа на 90 и само во првата преграда прашок и омекнувач без пред перење. Како ново е.
Раствори го во вода немој така, требало одма да ги испереш. Нека постои така со топла вода и потоа стај ги на 90 ако се памучни не му ја мисли. Штом јакната не се собра нема ни тие.
Од елиминаторот на несакани бои сигурно ќе се врата во првобитна состојба во однос на бојата. Ама не знам дали ќе ти успее, оти веќе си пробала со варикина, еве и со доместо (разлика не гледам, пошто и едното и другото е на иста основа). Јас кога сум го користела елиминаторот, директно ги ставав во машина обоените алишта уште влажни, не сум ги сушела, ниту сум се обидувала со други средства да ја извадам бојата. А елиминаторот е навистина ефикасен.
Со доместос пробав на едни пижамчиња, воопшто не избелија. Утре ќе пробам и со елиминаторот. Кажи ми дали често се наоѓа во ДМ, зошто не сум од Скопје, ќе го порачувам по другарка, па да не е праќам да шета од еден во друг ДМ? Во прашак е или како марамчињата? И цена одприлика дали знаеш?
Прашок е, го има и во сите поголеми маркети, не само во ДМ. Околу 120-130 денари е, едно ќесе има во кутијата. Е сега за колку алишта беше, не се сеќавам, ама мислам дека беше за една, не многу полна машина.
Дали ќе сакаш да ми објасниш како да го ставам сега прашакот? На пакувањево пишува дека треба да се уклучи на програма без предперење и без омекнувач, а јас таква програма немам. Т.е. без предперење имам само на 60 и 40 степени, на 90 степени имам само со предперење. А ова без омекнувач не знам дали се мисли на таква програма или да не се става омекнувач? Доволно би било на 60 без предперење? Дали да ставам марамица за фаќање боја дека сепак треба бојата да се ваѓа или? Ич не сум искусна во овие работи, баш очајна домаќинка сум.
На било која програма што нема претперење стави го, и не ставај омекнувач. Прашокот стави го преградата каде што ставаш прашок при стандардно перење и пушти ја. Јас на 40 сум пуштала, па излезе се'. Може и на 60. Марамици нема потреба да ставаш.
Подолг период во wc мириса многу лошо, сменив стапки, направив генералка и уште има миризба. Некој што имал таков проблем да ми каже совет и начин како да го решиме тоа. Веќе и во ходник почнува да се осеќа....
Феминки, земав средство за ламинат на Ајакс, преубаво мириса, од бадем е...Чистев со специјален џогер за ламинат( има на него како пластичен сад кој го полнам со вода и едно капаче од средството ставам и после тоа со распрснувач се прска). Ламинатот не ми е исчистен по кеиф, има како мачканици по него... Или средството не чини или џогерот не чини или јас нешто погрешно правам...