имам кошула паучна бела која која сега има боја на слонова ксока бидејќи едно ново парталче со жолта боја залетало кај што не треба. како да ја обелам кошулата? пробав со вениш но не помага совет?
Ако е скрос бела, како што пишавме во неколку наврати тука, со варакина, раствори во млака вода, остави 4-6 саатi, мислам така беше, и ќе блешти .
Пробана рецепта! Алуминиуска фолија, една лажица сол, вода и керамички сад. Потопи ги обетките во садот заедно со фолијата солта и водата, почекај 5 минути и тие ќе бидат како нови.
можеби каснам со одговорот, но ќе пишам за да се знае за друг пат , дамката што ја исчисти Omino bianco, Арис не ја исчисти
Не знам дали е за тука прашањево ама ке прашам Се мислиме со маж ми каква трпезариска маса да купиме???Видовме стаклена мн е убава или пак дрвена маса???Не знам која поубаво се одржава плс хелп
Зависи од тоа дали имате деца или не т.е дали се мали децата или поголемки. Ако допрва планирате деца или пак ви се малечки јас би препорачала дрвена, зошто потешко се крши од стаклената има убави дрвени маси со стаклени елементи во неа вклопени.
Најдов дома една прекрасна бела кошула, ама има така, како пожолтен дел или флека. Се сомневам дека може флеката е од изгореница од пегла. Ништо не е сигурно, можда си е добиена и од стоење. Што по ѓаволите да и правам ?? Ќе испадне ако е од пегла/од стоено ??
Не сум од Ск не можам да ти помогнам. А овде во Струмица има речиси во секој салон за мебел. И јас имам проблем со флека од пегла и тоа не дека кошулата е изгорена со пегла туку од даската за пеглање добила жолто цветче и сега никако не се отстранува. Ако не е од изгорено, пробај со средството што е предложено погоре Omnio bianco, отстранува отстоени флеки.
Јас имам стаклена трпезариска маса а исто така и мало масиче кое е стаклено. Не дека детето ќе го скрши стаклото затоа што тоа е дебело стакло и не се крши баш така лесно ( а и на почетокот го опоменував често малиот и знае дека ако скрши ќе се исече) ама има една др. мана, си бара секој ден пребришување со крпа, и најситна прашинка се познава и лесно се гребе. Малото масиче веќе има некои мали гребратинки од тоа што малиот си вози мотори и коли по него Такви маси имаш во Зона мебел, Дом Италија со пристојни цени
феминки дали некоја од вас има бамбусни ролетни дома или во градина ? сакам да купам за во спална за тоа што немаме ролетни старите ги извадивме и за нови ке почекаме до реновирање (година дена ) ? сум гледала во џамбо ама немам појма како тоа би функционирало???
Не е баш за ролетни, но ние сакавме за надвор да земеме гарнитура од бамбус, онаква маса и 6 столици. Кога отидовме да купуваме прво прашање што ни го поставија е дали ни е за на затворено или отворено? Немаме тенда на терасата и ни требаше за на отворено, па продавачот ни советуваше да не земаме бамбус од причина што после неколку години изложеност на сонце и дожд ќе почне да пука, лакот со време се нагризувал па бамбусот почнувал да пука. Како солуција ни понудија гарнитура од кувана пластика, на изглед е скоро идентична со бамбусот со тоа што ова пластикава е каде-каде потрајна, нема смрт во наредните 10-тина години. Е сега ако ти се за од надворешната страна можеш да си земеш некои пластични ролетни, а ако ти се за од внатре земи си и бамбус, сепак внатре нема да биде изложен директно на сонце ниту дожд и ќе потрае подолго. И јас ги гледав тие во Џамбо и симпатично ми делуваа башка мислам и дека доста би заштитиле од сонце, зошто се густички и плус темни.
за внатре ми се , никако не би ги ставила од надвор , сепак е дрво и ке се унисти одма !! од внатре ке ги ставам , бач ке отидам до џамбо деновиве
Кај да најдам нешто како завеси за на прозор се, од платно подебело, онака баш само колу прозорот се, се креваат на 3-4 пати, имаат некои пластични прачки во нив, за перење само се вадат тие и во машина. Ако некој ме разбра, нека ми пише, ве молам
Јас те разбрав. Само костурот ( конструкцијата ) за завесата е околу 1200 ден еден метар, ама завесата треба сама да си ја купиш или да најдеш некој да ти ја сошие ( лесно се шие ). Ако сакаш може и готова сошиена да си ја купиш, цената зависи од завесата каква е, колку пари е... Може да ги најдеш на Улица Македонија кај кината, истата продавница ја има и во ГТЦ мислам дека е на втори спрат, или во Мавровка на приземјето, не ми текнува како се викаше. Јас мислев да си купам за во кујна, ама се откажав
Ваков тип на завеси имам видено во Domestic во Козле баш на улица Козле. Претпоставувам дека тука се поефтини од Талија која дефинитивно мислам дека забегува со цените. Мене ме интересира дали имате инфо да ми пратите по пп за некој што изработува венецијанер ролетни и по која цена му се движат услугите?
Kaко да ичезне тоа чоколадо што го топев прееска ? Зедов едно ѓезве и си топев чоколадо во него ( не ми текна во микробранова- неможам да се навикнам на неа ) и сеа изгоре цело гезве на газерот. Како се отстранува тоа ????