во упатството од електричниот шпорет ми пишува дека колач се пече само со долни грејачи на позиција 2. Јас цело време кога ја уклучувам рерната без разлика што печам секогаш ги вклучувам и двата грејачи и долен и горен. Грешка ли е тоа? Вие како печете? Вчера според упатството печев земички само со долен грејач и доле изгореа малку а горе си беа таман.
секогаш и се печам со двата греачи. Кај мајка ми само горниот работи и ако се пече торта обавезно горе загорува.
Незнам дали е за тука прашањава ама ми треба пoмoш Имам алка oд Зиа (челик ли е, сребрo незнам...) ми капна супер лепак...дали пoстoи начин да се исчисти?
Како ја чистите фиоката за прашок/детергент од машина за перење? Има ли некое средство посебно за тоа?
Не. Јас Ја оставам во вода со киселина помешано пола пола, да преноќи и после со доместос ако има мувла.
Пишав и во темата -помош од архитект така некако па,да си ја видам среќава и овде Ми требаат совети зашто 1 глава не размислува добро,повеќе да. Станува збор за 2 соби. 1) 4 на 4 2) 4 на 5 Дали 1) да биде спална ( во тој случај на таван ќе се прават спална со детска) или да ја отвориме са кујна. Дали 2) да биде дневна со трпезарија или да се изведе Вц со када( доколку не ќе се праи на тераса) или да биде дневна,трпезариска маса и кујна? - За повеќе светлина како би било, дали подот да е плочки или ламинат? - Кои бои да ги искоритиме? Немаме идеи никакви освен честерфилд мебел ( по можност со функција за спиење) - Според Вас која би била поефтина варијанта, ма да не игра улога тоа.
Ми треба Хелпп Си купив нови црни фармерки, прво ги ставив да се перат во перална со прашок заедно со другите црни алишта. Но се зезнав, кога ги извадив од пералната имаше бели линии по нив Сум ја утнала рабората требало да ги исперам на рака со течен прашок а не со обичен прашок Кажете ми некое чаре ако знаете како можам да ги тргнам белите линии од фаемерките што ми се како флеќи
Еден совет од мене за друг пат,првото перењена темни фармерки со ладна вода без прашак после немат гајле и со каков прашак да ги переш а за овие не верувам дека има спас.
Се што купуваш пери на 30° прво и само тоа, не го мешај со други алишта и преврти го наопаку, освен ако не е за во машина, па да треба на рака. А за фармерките пробај со црн первол, може малку да де врати бојата, но не верувам дека ќе успееш скроз да ги поправиш...
лежаи што идат со душеци, како иде мењавање на душекот после неколку години? дали може само душекот да се смени?
Не знам дали е за овде прашањево, ама гледам најразлични се поставуваат па да си пробам среќата. Како ги одржувате обетките од бижутерија? После краток период сите скоро ми потемнуваат, а често си носам. На интернет прочитав во зовриена или топла вода, не се сеќавам, да се стави сода бикарбона и да се потопат малку во водата. Луѓе, откако ги извадив бетер беа и ги фрлив сите, а омилени ми беа... Сега сакам другиве што ми се поцрнети да ги спасам некако, кажувајте чаре.
И јас порано многу се мачев со бижутерија, никако не можев да им го вратам стариот сјај. Сега веќе само сребро носам, ретко бижутерија купувам ептен ако не можам да оддолеам. Јас со алкохол пробував знам..
Јас практикувам редовно чистење на бижутеријата. Тоа е поспецифичен накит во однос на квалитетот, па во допир со кожата лесно се задржува пот, маснотии што се таложат и доведуваат до промена на бојата. После секое носење ја мијам со топла вода и средство за садови. Бришам со сува крпа и оставам добро да се исуши. Рецептот што го спомна е за чистење на сребрен накит.
тоа со сода бикарбона и да ги завриеш важи за среброто за бижутеријата ништо фрлај затоа и се вика бижутерија купуваш-фрлаш