Над шкафчето ми стои цвеќе во сакција, искипало вода навлего во шкафчето и сега фиоката е подуена. Некое чаре?
Како ги перете и одржавате зимски јакни?Јас имам 4f јакна.Каков детергент употребувате дали има некој посебен?
Со што го чистите микрото внатре? Некако се плашам да ставам хемикалии внатре, а досега го чистев со сунѓер со сода. Ама мислам не е доволно..
Исцеди еден лимон, разреди го со вода и стави го во филџан во микрото неколку минути на најјако, да испари течноста, и после само пребриши со сува чиста крпа. Јас само вака го чистам микрото.
И јас во кујната имам нерамни плочки и се каам што ги ставивме, а есеноска реновиравме. Сега не знам со што да ги чистам. Само со џогер не се чистат. Се полнат со нечитотија измеѓу дупките. Предлог некое средство за чистење, само да не морам на секое чистење да клекнувам и да ги тријам со жица.
Јас најдов решение со универзалното средство на база на оцет од Кам. Цената е 55 ден. Лесно и брзо отстранува нечистотија. Ако имаш од џогерите со распрскувач, поедноставно е. Ќе се поштедиш. Пробај!
Коцка лед стави на мастиката држи дури не се стопи. Полесно ќе ја извадиш. Ова важи и за залепена мастика на било кое место и површина.