Треба веднаш да ја ставиш раката под млаз студена вода, а потоа сол на местото. Да отстои додека да се исуши за да не се појави меур. Постапката се повторува неколкупати. Ако имаш изгореница, пожелно е да се намачкаш со маст Јекодерм.
Pasta za zabi namackaj i ostavi da se isusi. Neka stoi cel den, sto poveke. Isprobano i najveke deluva za izgorenici. Sol na rana ne. Treba da se ladi mestoto ne da se iritira uste tolku.
Дали некоја членка има искуство со средства за чистење на природна база и како сте задоволни, дали може да споделите некое такво средство? Бремена сум и сега не би сакала да се трујам со доместос и полирапид.
Искуство од паталец- прво ладна вода, а после крема Дермазин (со сребрени јони) не е скапа, во аптеки ја има. И никогаш фластер на изгореница, само газа може - не ме прашувај од каде знам..
Ако има некоја феминка инфо и јас би била благодарна. Од доместос првпат кога користев и преку дебели гумени ракавици добив алергиска реакција на кожата на рацете.
Комбинации од оцет, сода бикарбона и алкохол, зависи за што ви треба. Јас заклучив дека речиси сите средства ми прават проблем и имам теорија дека ми влијаеле негативно низ годините на алергиите. На јутуб има милион видеа, natural cleaning solutions пишете и ќе најдете и рецепти и се. За пребришување површини јас правам микс од оцет и вода, и оставам на отстојат внатре кори од лимон/портокал или некоја капка есенцијално масло. За плочки бришење исто ми функционира ова. Не знам за паркет како би било, изгуглајте подобро за тоа. За во купатило, во шолја фрлам сода, преливам со оцет и оставам да отстои и после пуштам вода. Само за миење садови немам ништо соодветно најдено, купувам од стандардните ама обично барам без мирис или некое сензитив.
Од оние што можат да се купат, на Green средствата се мислам природни. Ја имам користено пастата за домаќинство, супер е за чистење во кујна и бигорот го вади. Концентратот за стакло, под и оној за рачно миење садови. Гелот за санитарии исто. Сите се супер и баш убав природен мирис имаат додека чистиш. За дали иритираат не знам, но имајќи во предвид дека се природни состојки не би требало.
Јас користам на Green концентрат, го растворам за прашина бришење и за џогерот. Дава убав мирис на билки. За чистење на Лимес паста користам, исто можам да ја пофалам, шпорет, садопер чисти супер. Го вади и оној слој што се наталожува на дното на тенџерињата. Исто има многу убав, свеж мирис. Сега земав и гел, санитарен мислам се викаше, со него чистам вц и сум задоволна и од него. Иначе мислам дека од маркетите само на Фрош не се толку хемија, знам дека се еколошки. За шоља уште стандард доместос, уште не сум пробала други варијанти.
Со што да исперам водоотпорна јакна, а да не ја уништам? На интернет пишуваат имало некое специјално средство за technical wear ама не знам дали има кај нас нешто такво. Или евентуално, како да не ми мириса на нова облека, не можам да го поднесам мирисот.
Јас како што знам може да се пере во машина, треба на неа да има етикета, на која температура смее. Само со прашок, без омекшивач. Има и на машините програма за спортска облека. Ништо нема да и биде. Но, немој да ја ставаш во сушара, ако имаш. Ниту една облека која е водоотпорна не трпи сушење, само на собна температура. Јас моиве си ги перам без проблем, после ги бесам на закачалка да се исушат и тоа е тоа. Никакво уништување има.