Незнам кај да пишам. Имам тренерки ми се дупнаа на коленото, и сега сакам да прашам дали сте виделе некаде искинати тренерки да се носат? Дали да ја проширам дупката? Неќам шиена да одам.
Стави си олтици во друга боја, како кругови или овални парчиња од друга ткаенина или од филц, пришиј ги. Се надевам ме разбра на што мислам, сигурно си видела јакни со парче во друга боја на лактите. Не можам слика да најдам да ти кажам конкретно на што мислам, ама мислам дека ме разбираш што сакам да ти кажам. Или по дома носи ги.
Има во Џамбо како од некоја ткаенина се и во разни шари и натписи и се ставаат на гардероба каде сакаш многу се убави.
Здраво домаќинки,во план сум да купам самолепливи тапети,па ме мачи тоа оти ѕидот ни е мачкан со поликолор,дали тапетите ќе залепат убаво на поликолорот или после некое време ќе се одлепат? И доколку може понудете ми некоја страница за тапети од каде што лично имате нарачано и дали сте задоволни.
Имам bosch машина за перење кога ќе прима вода се полни и делот каде што се реди омекнувач Дали е можно да е до фиоката треба да се смени? Зошто се полни тука вода?
Жени, имам огромна торта за која нема шанси сега да се изеде а жал ми е да ја фрлам, од роденденот ми е , мајка ми вели да ја замрзнам нема ништо да и биде кога ќе се одмрзне. Може ли така ?
Да. Исечи ја на парчиња, нареди ги во пластична кутија и замрзни ја. Мислам дека 1 месец можи замрзната да стои, нека ме исправи некој ако грешам. Жени помош! Одводот од туш кабината е затнат со малтер. Има некое чаре за да се одзатни во домашни услови или да си бараме служба со сајла да го исчистат?
Може. Мајка ми редовно така прави. Ја сече на парчиња и во пластични ја замрзнува, па вади по потреба.
Имав исти проблем со вц школка - оставиле градежен шут мајсторите при изградбата и случајно откривме при поправка. Ја извадивме шољата и сами ја исчистивме, без сајла, зашто беше на почетокот ѓубрето. Ако е отидено во цевката подолу и ти ја враќа водата назад, значи затка се направило и најдобро со сајла тогаш. Мислам дека нема да ти помогнат средства за чистење одвод, зошто тие се претежно за разградливи органски отпадоци, ова се камчиња и песок во прашање.
@Cosmic Girl исто, од мајсторот гратис ни остана. Ти благодарам на одговорот. Друго сега да си прашам. Со што да исчистам бела гарнитура, материјалот е како нежен гант? Не е со флеки, туку собира прашинки и ситни влакненца во неа, баш како гантени обувки.
Со оние ролери лепливи за облека? 60 денари беше во маркет пред некој ден видов. Не знам инаку со што друго можеш влакненца да собереш, можеби правосмукална или некоја влажна крпа.
Ај да прашам ко шлакната, патики сте пробале во сушара и на колку како што ? Да не ми излезат одлепени или евентуално смалени?
Може до три месеци да е замрзната тортата @Antolinaa јас искрено ме би ставила патики во сушара и јас да прашам имаме розе плочки во туш кабината гледам како бело се направи како бигор кај што минува водатапробав со четка погруба не излегува па чаре друго?
@elimkd Кој ќе ги шета од една тераса на друга да го брка сонцето Ништо ај да не експериментирам поарно, да не плачам после. За плочките пробај со пулирапид и четка.