Fleka od domasen kecap na tepih kako da iscistam? Znaci so se mozno probav, od sredstva za fleki do varakina, soda i ocet, limontus i ocet, zelena pasta se se i dzabe.
Феминки, скоро купив хромирани чешми за во бања и кујна но поради бигорот ми се уништуваат и не можам да најдам соодветно средство за чистење без ги изгребам/оштетам... Да сподели некој искуство, средство за полесно чистење и полирање? Благодарам
Здраво. Препорака за средство за чистење на мувла? Конкретно за туш кабината ми треба, па ако можете да ми кажете од искуство кое е ефикасно и каде можам да го купам. Благодарам однапред!
Црни тренерки со бели линии пуштаат многу боја од црното и ми ги избоија белите линии. Вчера ги перев на рака, може сменив 5 води и водата цело време излегува црна. Некое чаре, како да имам слушнато за оцет да се стави во вода да не пуштаат веќе, ама што како не знам. П.с. за белите линии нема спас така?
На сунѓерче што е за миење садови, е на такво ќе ставиш алкохолен оцет и сјај за садови и ќе триеш додека да го отстраниш бигорот. После ќе ги исплакнеш чешмите и можеш да ги избришеш со суво крпче. Ко нови ќе ти бидат. Каква солна киселина, ќе ги уништи чешмите. @Mia1111 Никако немој со солна киселина.
На бел акрилен тепих ми се истури нес-кафе. Веднаш испрскав со фрош отстранувачот на дамки, го изрибав, после со течен детергент. Избледено е, ама јас си го гледам и ме нервира. Чаре има во домашни услови?
Зависи какви мравки... Ако се црните надворешните би требало со отров од билна аптека или домашни рецепти.... Јас дома имав проблем со кафеавкасно црвени мравки и си викнав дератизатор. Тие биле на ниво на термити и мораше целосно прскање на станот (вода не им смета, излегуваат од канализација, дупче од штекер, секој процеп).... Дојдоа и преку ден испрскаа, рекоа следниот ден да не бришеме површини и тоа беше тоа. Немаше мирис на отров по прскањето а и дека бев со мало дете рече безбедно е да седи во станот бидејќи отровот бил штетен само за мравките ама не делува на луѓето.....
Здраво, ја исправ перницата со пердуви во машина за перење и ја ставив надвор да се суши, целата ми пожолте и почна да мириса чудно и одвратно. Дали да ја преперам и да ја пуштам во сушара? Или перниците со пердуви не се перат? Ако се перат кажетеми процес како? Имам уште една, се мислам како да ја исперам.
Со какво средство најубаво се бришат собни врата од медијапан? Малиот со тркалата од точак кај закачил не се бришат црните линии.