Сјај. Прво со салфетка или со рака исчисти ја пудрата, потоа капни сјај и протриј малку со водичка. Ако веднаш не излезе покисни ја блузичката. Некои флки ги чистам со Опал на истиот начин. Позз.
Девојки, ајде малку помош. Нели имам нов мебел... Кревет и плакар и биро. Се убив од луфтирање, целата соба од вчера мириса на салон за мебел. Сега одам до продавница, што да купам, спреј или миризливи свеќи или што барем малку да се неутрализира миризбата? Мислев да го поминам креветот со миризлива водена пареа, ама чистачот ми е расипан.
Трендафилке, миризбата сама од себе ќе ја снема, ќе замирисаат на твои на собата твоја со време ме разбираш де а сега ако имаш завеси, бапни ги на перење со дупла доза омекнувач, или пак и тоа и плус истри го тепихот со млака вода и омекнувач, креветот, минимално, колку за да ти се рашири миризбата. И јас лани кога ми ги купија креветите копаше на дрво и штоф, и уште првиот ден шлакнав да ги тријам со четка и омекнувач, барем на тоа убаво ми мирисаа
Во шише за стакло што е раствори си омекшувач, распрскај го на завесите и на килимот потоа попрскај низ цела соба, зпритоа затвори ги вратата и прозорците ќе видиш мирисот ќе изчезне и ем ќе ти мириса на чисто и свежо
јас го имам користено емсал добар е за ламинатот и за сите дрвени површини, но јас имам еднен проблем кога ќе го избришам ламинатот потоа се познаваат како бранови бранови и кога ќе се исуши повторно се познава и многу неубаво изгледа не знам што да направам дали ламинатот е таков или до мене е . ми рекоа и со сунѓер и со сјај да го поминам пробав и така но неможам цела соба плус ходник и спална па рацете ми паднаа.ако знаете лек кажувајте
Завесите ги извадив, имам венецијанер ролетни, а тепих се' уште немам, собата е гола. Без гајле, случајно ми падна шишенце парфем несакајќи, сега се шири невидено пријатна арома.
А да пробаш да го сменеш она со кое го чистиш подот (џогер или крпа) ? И да не оставаш многу да ти е водено ???
Исто. :up: Скапички се малку, ама даваат супер изолација, што од студ, што од звук. Не е сепак дрво, па да менува облик на ладно и топло, па после шиба ветер од секаде. Вреди да се инвестира во ПВЦ во секој случај.
За да нема такви бранови, јас по двапати го поминувам ламинатот. Прво со влажна крпа натопена во раствор со емсал, убаво исцедена (на џогер), а после со сува крпа со реси што се става на истиот џогер, и супер е.
со здравје да си ги користиш новите работи.сепак поарно да ти мириса на нов мебел отколку на мувлија.
Енца. 69, не се смеам, Опал е средство за перење , се продава во кутивче кое лици на кутивчето од маската за коса genera ако ја знаеш. Влези си во било кој маркет и побарај од продавачките да ти дадат, има неколку врсти и бои, јас користам со бела боја. Позз.
Ајде домаќинки, ми требаат ваши искуства. Вака, сакам да купам од оние ќесите за алишта што се вакумираат со правосмукалка, ама не од Топ Шоп, оти се изгор скапи, а имам слушнато дека не биле баш квалитетни. Имало и на пластичарската улица, и во Веро, Тинекс, Рамстор - поефтини биле, ама дали се добри или издишуваат? Ми треба да складирам некои работи што не ги користам, па да ги вакумирам, да не ми менуваат боја и слично со стоењето. Слушнав и дека имало со различна боја на тие прстените кај што се става цревото, имало плави, црвени и жолти - демек плавите биле поквалитетни. Ај кажете ваши искуства? Ениуан?
Анат, другарка ми кога се селеше тие ќеси многу и помогнаа. Само треба да внимаваш да не ти се дупне некоја, оти отидоа и алиштата и се - т.е. нема да има ефект Не знам она од кај ги купи, и не ја знам финтата со прстените ама знам дека да не беа тие ќеси, селењето ќе и одеше мноооогу тешко. Кога стигна, почнавме да и ги отвараме куферите, што се не излезе од нив, уште вакумиран слон фалеше во тоа „друштво“ таму Така да практични се и многу место заземаат. Јоргани, алишта, што и да е, супер се сместува во нив и после кога ќе го исцицаш воздухот добиваш згужвана палачинка која можеш без проблем да ја складираш. Јас гласам ЗА
јас ги користам тие на топ шоп и сум презадоволна,а другарка ми купи од веро (доста поефтини)и искрено не гледам некоја голема разлика во квалитетот .единствено што мораш да внимаваш е добро да ги затвориш со зипот и убаво да го извадиш воздухот. П.с. внимавај доколку ставаш работи со патент да го замаскираш затоа што многу лесно може да ја оштети кесата.
Ви благодарам на советите, ќе побарам деновиве во маркетите, од Топ Шоп стварно не ми се нарачува, после со реклами на глава ќе ми се качат. А баш ќе внимавам на патентите, убаво е да се знае, јас може и така ќе си ги ставев, без да пазам. А знам дека се многу практични, барем ќе ми се отвори простор, кој е секогаш потребен. Ви благодарам девојки!