Јас чешмите никогаш не ги оставам мокри,после секое бањање,миење раце ги бришам со крпа и се како нови . Воопшто не фаќаат бигор. Не одзема време,а заштедуваш отпосле многу на чистење.
Само со циф, со меката страна на сунѓерчето. Прво ќе ја избришеш, после ќе исплакнеш, во шише со прскалка ќе раствориш алкохолен оцет и сода, прскаш, чекаш 5 минути, пак миеш, бришеш со сува крпа, па со тоалетна полираш. Ќе бидат како огледало, а воедно нема ни малку да ги оштетиш. Прочитав погоре солна киселина, никако, ќе го изгризе слојот, за брзо време жолти ќе ти станат и после нема оправање. Дури ни пулирапид не би ставила, јако е за нив. Со пулирапид само лавабото го чистам, за тоа нема ич проблем. А може да си купиш крпа специјална за стакло, ако ти се полира. Во секој случај, ќе го продолжиш векот на чешмата, а воедно ќе биде екстра чиста. И што вика @hello-kitty.90 , не ја прскај чешмата, ако некој ја испрска, веднаш со сува крпа поминувај ја, така па ич нема да се замараш да ја чистиш, може само со оцет да ја испрскаш, колку да добие на сјај.
Ако може помош од тие што имаат candy машина за перење, каде ставате течен детергент? Нема никакво пластиче за препрека на претходната имав и по потреба се туркаше долу.
Друштво, што да ставам на бела маичка, но ја исправ со шарени (не по грешка) викам ај ништо нема да биде, ама бидна.. Ми помодре... Не е е бела бела ко што си беше... Постои ли опција да се врати белината, и дали постои некое сретство што би го ставала на секое перење за да ја зачувам белината???
Има само амблемче како нададен дел, се работи за униформата на син ми од школо... Да не се уништи тоа?
Ве молам ако знае некој точки од мувла како да извадам од бела блуза? Бледи веројатно во корпата за нечисти алишта имало нешто водено...