Како да се оттарасам од лебарки и мравки? Секои три месеци нови натрапници дома, таман едни си одат,па нови дошле! Купатилото ми е цело мравки, а во кујната навечер почнаа лебарки да излегуваат. Вчера сабајлето влегувам, па може 15 малечки имаше и 3-4 големи Страв ми е и во спална и дневна да не ни се накотат, земав некое средство Неопитроид алфа од земјоделска аптека ама ми е страв да не е штетно за децата. Памет немам, страв ми е прозор да отворам свашта влегува внатре
Да викнете ддт служба да испрскаат, ние само така се спасивме од лебарките. Одвратни се. Па како што ќе се стоплува времето, сѐ повеќе ќе излегуваат. Ако живееш во зграда, зборете со станарите, ако не сите, барем од вашата вертикала, еден стан да има, сите ќе имаат, тие по канализација одат.
Нема друго решение освен да викнете служба за дезинфекција и дератизација да ви испрска. Не е штетно за деца, се’ што треба е да оставите потоа испрсканото самото да се исуши, и да се излуфтира неколку часа. Сега брзо кај свекрва ми прскаа, она со мравки имаше проблем и оттогаш ги снема комплетно.
Се јавив прашав, решението е краткотрајно за лебарките, ќе изумрат само големите,видливите, а прашање е колку јајца имаат наоколу оставени.. проблемот е што секој ден мали има по подот, се размножуваат Гад ми е да влезам вода да си наполнам,не па да земам да готвам таму
Вчера каква генералка направив, мм растргна се во кујма за да видиме од каде идат, коа уствари они под плочки позади фрижидер се изнапикаа. Им стави силикон со надеж дека нема да излезат, сабајле гледам пак.. Излегуваа мали кај вас? Ќе ги викнам во вторник ддд, мора да има начин. Страв ми е во спална да не ни влезат
Секакви излегуваа. И бебиња лебарки што беа многу брзи и не можиш да ги убиеш и големи, тромави, одвратни. На балкон ми има излезено гигантска лебарка и тоа е најодвратното нешто на светов шо сум го видела досега. Буквално. Ми беше страв прозорец да отворам во ск на +100°С. В кујна и в дневна скоро и да немаше, в купатило мислам дека од секаде излегуваа. А дека и спалната ни е до купатилото, често и в спална имаше. Од под паркет излегуваа. Од сегде. Во лифтот имаше. Ако сте во зграда, сигурно имаат и тие под/над вас. Прашајте во ддд или барем замолете ги нека ви дадат од таа течноста што прскаат за да испрскате сами. Ќе ви кажат и тие сигурно, додека се прска и после тоа неколку часа да не седите внатре. Се надевам дека ќе ги исчистите, верувај ми скроз те разбирам.
Верувам, нема нешто поодвратно од лебарки и бубашваби Ќе испрскате сега, па за некој месец пак ако треба, верувај дека ќе се исчистат. Тоа е единствен начин, течноста ги убива. Можеби ќе треба да повторите 2-3 пати, ама ќе се решите од нив Не знам дали си во зграда, во згради се стварно голем проблем, зошто секаде ги има, не само кај вас. Ако сте, пробајте да се договорите со соседите за групно прскање на зградата и становите, би било супер, иако знам во пракса тешко изводливо. Или барем само влезот.
@IRBBB @Sexybaby86 Уфф фала женски .. ме утешивте. Во куќа сум, се надевам ќе се среди проблемот што поскоро.
И ние сме во куќа. Кај нас, односно кај свеки (она е на приземје), испрскаа и во двор и надвор пред прагот. Замоли ги и кај вас да испрскаат. Ќе се среди
За лебарки се прави една смеса - го ископирав ова од една статија, ама ја имаме дома правено. Се ставаат насекаде низ домот, и они каснуваат од нив и умираат. Многу е успешно е релативно евтино, брзо и безбедно за луѓето. Во аптека се наоѓа овој прашок. 1 сирова жолчка од јајце 50 г борна киселина во прав Мешајте додека не се создаде густа смеса. Од оваа смеса направете топчиња во размер од околу 1 см. Почекајте да се исушат околу еден час и распоредете низ домот. Oсобено внимание посветете им на бањата и кујната. Не заборавајте дека местата треба да бидат видливи за точките на гледишта на бубашвабите: Површините на полици, шкафови, кујнски елементи и се што се наоѓа над вашите очи.
Неможев да најдам соодветна теме. Но ете очајна сум хаха и домакинка. Ве молам кажете некој рецепт за убвао сочно телешко месо
Ова навистина функционира. Мислам дека ставивме и варен компир за полесно да се формираат топчиња. Во студентски кога седев имавме премногу лебарки, по ѕид ни шетаа бррр... направивме од смесава, распоредивме низ соба по сите ќошиња и по крај кај ѕидовите, ги снема и не се појавија повторно.
Kazete mi ventilatorot na elektricniot sporet za Koe pecenje go ukl? Dosega ne sum pecela nisto so ventilator?
Кај мене во упатството пишува за кое јадење, која програма, на колку степени и колку време се користи. Во глобала сите програми вклучуваат греачи и вентилатор. Само печењата од меса се без вентилатор. Досега сѐ така правам и убаво ми испаѓа. Чисто само вентилатор, без греачи имам употребено за лиснато тесто, преубаво испадна.
А од стоногалки како да се спасиме летно време? Во спаалната најмногу излаваат, не тие малите туку големи и одвратни, маж ми едвај ги убива. Летно време со страв заспивам. Ем сме на спрат, не знам како доаѓаат
На сакото што го купив пишува дека треба да се пере на температура од 30 степени, но сепак ме јаде дали нешто случајно може да се случи да не се упропасти. На што да внимавам при рачно перење сако? Дали можам да го користам истиот прашок за перење како вообичаено?