Ми требаа итноо помооош! Го преместувавме фрижидерот во друга куќа кај што се преселивме,ама стоеше исклучен некои 5-6 дена и се умирисал многу лоошо. Вчера го чистев со оцет се изгуби малку миризбата моментално,ама еве денеска пак смрди мноогу. Да напоменам,сеуште не ми е вклучен, од што може да се умирисал со оглед на тоа што беше празен? Да не има некоја вода што стои во самиот фрижидер па тоа да се усмрдело ? Стварно не знам кај да го барам чарето... Еве и слика за каков фрижидер се работи
Пробај да го исчистиш со паста од сода бикарбона и вода, после испрскај го со вода во која има и сок од лимон. После чистењето во остави исечен лимон на полиците и талог од кафе. Поинаку, не знам како би можело да се одмириса.
Све мислам дека во делот кај што истекува водата се има усмрдено, не знам како би го исчистила тој дел... Не ми се реди јадење внатре,многу мириса ужасно
Бели старки ги пуштив за перење и ги извадов поцрвенети (после перење видов дека сум имала заборавено црвена крпа). Ги припуштив уште еднаш да се перат, ама не ми изгледа дека ќе им падне црвенилото (вака преку стаклото што гледам). Има чаре?
Прво носење и ги нагазив патиките со количката од бебе. Не се многу извалкани но се познава. Ги протрив со сува крпа но како повеќе да ги ушлакав. Совет како да ги зачистам? Или да си се помирам дека не ми е судено чисти патики да си носам... материјалот е како превртена кожа.
Со што ја чистите фурната? Кога печам храна многу прска, сум пробала со перментал ама ништо не излегува. Единствено со шпатула за плотни кога грепкам излегува, што не е решение со оглед дека губам по 2 саати на чистење. Некое друго ефикасно средство?
Ич не сакам да те разочарам ама моите имаа ваков заедно во сет со се спалната... мајка ми го чистеше со една паста за мебел ама пред едно 20год на татко ми му скисна да го гледа и цела ја однесе во викендичката..демек ќе ја претапацираа ама... Не се чисти ама баш со ништо. Се прљаво си изгледа со што и да рибаш.. А за фрижидерот.. со затворена врата го чуваш кога е исклучен? Ако е затворена, секогаш ама баш секогаш гледај да ти е отворена.. За чистење убав совет ти дале.. сода и оцет..
Да со затворена врата го чував,го уклучив и речиси ја снема миризбата,не знаев дека не се чува затворен кога е исклучен од струја,за следен пат ќе си знам
Како да исчистам црни тренерки , дете имало палома во џеб,при перење ,не сум проверила и сега сите потемни работи се ептен лом. Посебно тренерките
Пробај само на плакнење програмот на машината, еднаш или два пати пушти ги. Мене често ми се случува тоа со марамчињата, а не па на дете
Ми се случувало и мене не викам не ама вака до овој степен не . Ги пуштив уште само еднаш, немаше некоја голема разлика ама ај што викаш уште еднаш ќе ги пуштам па ќе видиме . Фала ти во секој случај
Мене на плакнење со повеќе вода вклучено ми врши работа. Aris De Grass, напрскаш убаво, чекаш малку да одстои и ќе ги извади масните наслаги.
Hello Девојки на патики што се материјал како превртена кожа на одредени делови каде што се плави, бојата многу избледе. Дали постои нешто специјално за да се врати бојата да биде првобитна (потемно сина). Фала
Здраво девојки Имам голем проблем Живееме на последен кат во зграда и постојано доаѓаат гулаби и ми ја валкаат терасата Денес едното цвеќе цело ми го искршиле И цд-иња закачив и пак доаѓаат Незнам што веќе да направам
Решение за (црни) фармерки кои пуштаат многу боја? Не можам веќе на секое носење ми ги обојуваат нозете и претходно перени да се.
Не знам дали ја погодив темава,ама ако има посоодветна нека ми преместат мислење. Знаете ли каде да барам четки за правосмукалки, ми треба турбо четка што ќе одговара на bosch правосмукалка