Накисни ги во ладна вода со алкохолен оцет. Би требало да се стабилизира бојата. Филџан оцет на мало легенче вода. Нека постојат цела ноќ, после испери ги како обично. Не би требало веќе да пуштаат боја.
Има ли можност да се купат две три делчиња посебно од венецијанер ролетните. При чистење малку се извиткани и многу грдо стои. Мислам на алуминиумските парчиња.
Не можев да најдам тема за бања/туш кабина, ако има,префрлете ме таму Со што го чистите стаклото од туш кабината?
Немам туш кабина, ама најдобро ти е со алкохолен оцет. Исто и стаклата на прозорците најдобро се чистат со алкохолен оцет.
Јас со арис ги чистам мрсните дамки и дамките од крв. Напрскај, нека постои малку па пушти ги во перална.
Имам црвено сако што ми уништи 2 бели нови маици и една бела кошула, остава флеки назад кај вратот, и напред кај рамената каде што допира. Го исправ, водата жар црвена беше, го преплакнав неколку пати, се избистри водата и мислев дека нема да ми копира на маиците, но еве, пак исто. Сега не знам како да ги извадам флеките од белите маици и како да спречам да остава боја на друга облека?
Има марамици кои спречуваат да пушта бои одредено парче облека. Ги има во сите големи маркети. Мене многу ми помагаат.
Искисни го со ладна вода во која има растворено алкохолен оцет, треба да ја фиксира бојата и да не пушта веќе. После испери го нормално, е сеа не знам што материјал е, и дали може со оцет и во машина или не. Ако не може, прашај на хемиско.
Луѓе ми треба помош итно. На црн дуксер и Црна маица од перење на две места им излегла бојата. Не знам што да направам и како да го седам тоа. Што е најлошо ни дуксерот ни маицата не се мои. Ве молам некако помогнете ми што да направам.
Плочки мат со што чистите? Нови се, и има флеки некои чудни, ваљда од мајстори нешто, нз. Ставив и Доместос во водата, џогирав - не излегува. Пробав и долна киселина дури, не излегува. Незнам со што да ги исчистам...