Можно е да е од што ти стоела маичката во корпа за веш и ако имало некои темни и влажни алишта до неа. Мислам дека ако си пробала тоа што го збориш, спас нема. Има во Џамбо стикери за облека, ако ти е жал за маичето лепни стикер врз флеката и нека ја поноси.
Па ми стоеше од кога ги исправ, додека се врати мм од раб за да ми ја пренесе корпата да ја пружам, бидејки сум бремена. Ама не верувам дека е од тоа, не е флекичка на едно место, туку неколку ситни како мувла. Еве слика во прилог. Исто вака ми се има направено уште на 2,3 маички исто светли бели и жолти
Често се случува, алиштата ги чуваме по неколку дена во корпа (чекаме да има полнење на една перална), притоа се тушираме, правиме пареа во Веце-то и се прави мувла на алиштата. Барем мене, така ми се има случено.
Предлог за омекнувач за алишта што мориса убаво а да не е многу јак? Го користам дуел жолтиот некако ми се здосади.
Со што може да исчистам самолеплива хартија на која е означена цената од стаклена површина? Пробав да ја извадам, но остана дел кој тешко се отстранува.
Бела ташна офарбана од тексас панталони со што да исчистам? Пробав со влажно марамче ама не се брише.
Имам еден ГОЛЕМ проблем. Никако да се ослободам од гулабите кои доаѓаат на тераса. Секој ден чистење и доаѓаат повторно и повторно. Ми здосади веќе да секое сабајле да станувам и да ги бркам. Дали некој знае некое ефикасно решение за проблемов ?