Незнам дали е до моите "украси" ама на тераса не ми идат веќе Во саксиите набоцкав пластични виљушки, на оградата заксчив кесиња исечени и не идат веќе, ми ги оставија цвеќињата на раат
Имам една ленена кошула што ми е малку голема, сакам да ја смалам за еден број. Дали ако ја исперам со пожешка вода од тоа што е препорачано ќе се смали?
Знае ли некој како да извадам флека од боја но не од бело алиште тику зелени дреч купаќи вапцани од црни купаќи.... Пробав со средство за вадење флеки но ништо. Нови купаќи необлечени ги исправ и што стоеле до црните се вапцаа со темни лочки
Како да се одврти штраф или навртка нз точно како се вика? Пробав со зејтин и упаљач ама не може заглавена е.
Пробај со WD 40. Го има и на Амазон . https://images.app.goo.gl/wqLbAEHuvJUZ2Fsa7 . А би требало и со Кока кола да може.
Можеби е несоодветно мислењево за во оваа тема, но бидејќи е активна тука ќе го постирам. Пред неколку дена се преселив во стан со цимер, под кирија. Речиси секоја вечер после 23ч, при нормален муабет, не викање, вриштење, ниту пак музика или некој си џагор, комшииве ни тропаат на ѕидот во знак на “предупредување”, меѓутоа вечерва го достигнаа врвот и од нигде никаде силно се затропаа на ѕидот, а потоа и на влезната врата и си заминаа, а со цимерот буквално правевме само муабет, значи штама беше. Искрено многу се изненадив. Договорот со газдарицава се уште не ни е потпишан, треба утре или задутре, а искрено не знам дали е паметно тоа да го правиме или сепак да останеме и да бараме чаре преку неа. Било кој совет би бил добредојден.
Иди кај комшиите и културно прашај кој е проблемот. Ако се пензионери знаат да се напорни и сфаќањата дека ако има во станот до нив кираџии би било хаос( тотална невистина).
Да не се слаби ѕидовите? Треба да зборите во дневна, ако зборите во спална и сте спална до спална и слаби ѕидови, а тие спијат, тогаш ептен се слуша. Секогаш во дневна зборите или во соба што не е до нивната спална. Ако спијат в дневна и вие зборите во дневна и сте дневна до дневна тогаш е нивни проблем. Ако носат апартчиња за уши и им се на високо ниво подесени (ако постои воопшто такво нешто) пак е нивни проблем нека одат пак на ушно. Лично разговарајте со нив.
Два дена не ги пружив алиштата, седеа во машина ич не ја отворив мислев не замирисуваат ако не ја отвориш, и замирисаа, ги перев пак пак мирисаа, ги перев по трет пат се уште мирисаат минимално ама кога ќе облече човек нешто и ќе се испоти на пример ќе мириса многу. Има некоја финта за ова, да ставам нешто плус во машината по четврти пат?