Да, може и тој ама јас го имам оној розевиот, течниот - универзалниот, и тој помага, но не претерувам со него, го ставам најчесто кога знам дека имам некои тешки мрсни флеки и или го ставам во прашокот или директно на флеката. Дури и кога ќе ми се исфлека нешто ептен, ставам малку директно на флеката (внимавај да не фаќаш со раце затоа што е доста јак) и оставам малку да реагира па потоа перам на рака. Но при секое перење не го употребувам, излишно е залудно да се троши ако гледаш дека алиштата се најнормално валкани Денешниве прашоци за перење во поголем дел перат квалитетно.
Јас најмногу го земав овој за белеење пошто ужасно ме нервира бледеењето на белата боја после некое време! А за стари флеки гледам го фалат Омино Бианко па него реков ќе си го земам. Вениш розев имаш окси екшн гел ?
Здраво девојки, ми останаа 4 мали трупки цвекло и два огромни моркова и си стојат така недела и повеќе. Сакам да ги сварам и после да си ги ставам во тегла ама не знам дали и што да ставам во теглата, освен течноста во која се вареа. Вие што мислите, ако има некој предлог нека пише
Не го чистев, страв ми беше, а тренерките ми се Адидас... и така сега се исфлекани и само за по дома ги носам...
Исецкај ги или изрендај ги, додај им оцет, сол, затвори ги во тегли, и стави ги теглите да провријат, како оди тоа, тие сами ќе пуштат течност при варењето.
Исецкај ги на парчиња и наполни тегли. Додај 1 лаж сол, 1 лаж шеќер, пола филџан оцет и дополни ги со вода и провриј ги како компот. По желба додај бибер во зрно, ловоров лист или копар. Ако ги правиш како компот сецкај ги на поситни парчиња а ако ги ставаш на покрупни парчиња тогаш прво го свари цвеклото
Имам неколку пара црни пантолони кои после некое перење почнуваат да белеат Употребувам Nila за црни алишта, ама некако не сум задоволна. Безразлика дали пантолоните ќе ги купам од Euroasia, Еко, или некоја маалска продавница, од црни полека но сигурно стануваат тегетни! И после ја слушам мајка ми како во време на Југославија они имале квалитетна облека, не знам колку јаки фармерки што не се кинеле и така натаму... Прашањето ми е - што користите за црна облека? Од кој детергент сте најзадоволни? Или во краен случај - од кај да си купам црни квалитетни пантолони што нема да ми обелеат?
Остави ја чашата да откисне со оцет и вода, а после со сода бикарбона исчисти ја .Инаку сода бикарбона е препорачливо да се става при перење на алишта , прво има избелувачки ефект а второ ја штити машината од бигор( барем така имам читано).А за бигор сум пробала и се чисти со сода.
Домаќинки, во темава поставувајте прашања за помош околу користење на апаратите како што е прашањето во првиот пост на темава Значи не е за флеки, имате посебни тема со совети за чистење на дамки од се и сешто, имате и други теми за средства за чистење па и за машини за перење и сушење, не ја оптеретувајте темава, зошто во спротивно ќе морам да ја заклучам за да ги префрлам мислењата во соодветни теми. Има за префрлање уште, ама ќе ми отворите дополнителна работа ако продолжите да пишувате овде за флеки. Фала на разбирање, за општо добро и полесно снаоѓање и побрзо решение на домаќинските проблеми. Прашувајте за поситни работи за кои нема тема, а за оние за кои има соодветни теми прашувајте ги во нив.
е стварно неможев тема за ова да најдам дали знае некој со што да ги извадам лепенките на пвц прозорците нели имаат налепници за заштита кои што треба да се извадат максимум за 3 месеци. во мојата соба од внатрешната страна ги извадив ама од надворешната заборавив и плус доградувавме нешто и поминало подолго време. прсти искршив нема шанси се кине одма.. мама ми рече да ги видам извадени твоја соба - твој проблем хелп ми!!!
Лејди со ацетон извади ги или со фен. Дувај им со фен и ке омекне лепакот па веднаш ќе се одлепат. А женски да ми каже некоја како се користат финиш таблетите за машината за садови. Земав две колку за проба ама немат упатство.
Таму кајто се става прашок за миење на садови, таму е доволно големо местото за ставане на таблета На вратата на машината има џепче (како кутифче) и таму се стават ...
Арно ти опиша Иваноска. Ај да прашам јас, има некоја ваква перална? Од времето на Адам и Ева е. Ми треба нешто да прашам во врска со неа, па кој има ЛП.
Драги мои очајни домаќинки! Претпоставувам дека многу од вас го имаат Power Juicer, па ме интересира како го чистите ситото? Многу е досадно со чачкалица, пошто јас само така успевам да го исчистам. Ајде ве молам за совет
Немаше ли со тој соковник четче за чистење на ситото? Јас имам соковник сличен на Power Juicer, и во кутијата си имаше посебна четка за чистење. Би требало да има и со останатите соковници, што знам.
Со сунгерче од рапавата страна со многу пена од сјај (мер сјај) и под силен млаз вода. Кога го миеш заврти го од опаку, така полесно се мие.
И јас да се замешам во муабетов за соковниците! Бидејќи за некој месец за малава моја госпогица ќе требаат свежо цедени сокчиња и кашички на ум сум да купам соковник и блендер. Сега соковникот од топ шоп знам дека е добар ама во тој случај ќе треба и блендер плус да купувам а имам мала кујна, па го најдов ова чудо Дали некоја од вас го има или пак чула позитивни коментари за него. Ве чекам за памет, е скоро 8илјади и несакам да се зезнам
Дома имаме соковник од МУЛИНЕКС (ги кажуваат како најдобра фирма за соковници, бидејќи ситото, сечилата им биле најаки и најдобри). Поефтин е од тој од Топ Шоп, поготово ако го начекаш на намаление. Ние во Спојлер Техномаркет го купивме 5500ден. Многу е добар.