Јас имавсе пробано и на крај ова ме спаси- во една прскалка шипе ставаш бел оцет сода бикарбона лимон и топла вода. ја прскаш цела и оставаш 15 мин да отстои. со сунѓер истриј и исплакни со млака вода, стакло чиста излегува
Дали знаете со што би можела да исчистам флека од крв (од жив џигер ми се преврти ќесето) на сив тепих. Го однесов во авто перална ама дамката не е излезена. Претходно со вениш и омино бианко го триев не излезе
Ааа со овој да, бидејќи водата е долу во машината, а на ровусот е на самата рачка која би ја дигала нагоре. Инаку твојов е тооп за се е.
Средство за да ја исчистам ПВЦ? Знам зборевте некаде ама не можам ни слика ни кое беше да најдам. @referentka ми излегува во пребарувач дека ти го имаш зборено во 40ка.
@Antolinaa од Дм можеш со ова средство мн го користат. Ок е ама искрено јас ист ефект имам и кога ги чистам или со арф,циф или абразивот на Фрош.
Е ништо од овие немам, освен абразивот на denkmit. Ама не пробав со него, не ми ни текна. Во секој случај фала, ќе го земам и ова ќе се најде за нешто.