Zdravi zenski. Sakam da prasam crvena maicka ofarbana na nekoi delovi teget ( po greska zalutala vo temnite alista) kako da gi otstranam tie teget fleki. Zal mie toa e omilenata maicka na sin mi... pozdrav
Предлог за некое средство за суво перење теписи? Имаше едно што го користев пред којзнае колку години, ама не ми текнува како се викаше.
Здраво жени, ставив бело палто на 30 степени со Др алишта што сметав нема да пуштат боја и кога го извадив беше сиво, пробав со марамиците од дм да го отперам на 60 и не се среди, се изнервирав и барав по интернетов и најдов наводно решение, во 5 л вода капаче Доместос и го оставив да поседи ,и направи утка, сега од копчињата на него имаше ко црни флеки , го преправ и се мислам да го фрлам, или да го однесам на хемиско ,дали мислите дека на хемиско можат да го опраат?
Здраво женски. Имам две прашања. 1. Како да ја исчистам пеглава за алишта ? Пробав со парацетамол, ама сеуште пушта по малку прљаво на алиштата некојпат. 2. Предлог што да ставам на сталажичињава во бања што се за шампони чување за да не рѓосуваат. Нешто одоздола што полесно би се чистело, ако постои такво нешто
1. Пробак со арис де грас или wd40. Wd 40 e за одмастување штрафови, ам аќе.помогне и тука. Го има на секоја бензиска и поголем супер маркет. 2. Премачкај ја сталажата со безбоен лак за нокти.
Со што можам да избришам боја што ми капнала на пластика а не знам од што е капнатово ? Пробав со сјај и сунѓерче не излегува и со ацетон исто нејќе ...
Zdravo. Kako da iscistam bigor (najverojatno toa e) od wc skolkata? I pokraj redovnoto cistenje so domestos pak se napravi, probav i so cilit beng za bigor dzabe. Slika vo spojler Спојлер
Само солна киселина за ова, цело шише истури по страните и да преноќи во тоалетната школка, сабајле пушти вода. Ништо друго не го чисти како солната.
Има средство во Фармаси , доста квалитетно и корисно. Истураш на бигорот или рѓа оставаш да преврие и бришеш