Не ти треба, не е функционално. Може со брич внимателно да ја поминеш облеката. Само избери некој подобар брич, тие од 80-90 ден., има некои тапи што воопшто не ги отсрануваат упките. Јас така правам, облеката ко нова ми е.
Кај да најдам миризливи вреќички за во шкаф? Или за вакум вреќа? И од шкаф стоени алишта и вакумирани во вреќа ми мирисаат на устоено.
Здраво. Имам проблем со перењето црни алишта, воопшто не се перат убаво и имаат лош мирис. Мислам не е до машината бидејќи белите и шарените одлично ги пере, но црните ужасно. Имам пробано и со течен детергент да ги перам и прашок и различни програми ништо не помага. Пробав ставив и сода и оцет пак исто. Дали има некоја совет да помогне.
@duffi не знам што ти "измачкано" кај мене детево тренерките ги направи лом,посебно ракавите дека жолти.Ама пред перење само Омино оставив да постои и после се испраа супер.
И креветото и алишта. Згазнал со ногата и после насекаде . Со Арис перев алишта, не излегоа. Имам и омнио. Ќе пробам и тоа. Ама засушено е веќе. Така да, не се надевам дека нешто ќе излезе.
Aко имаш некои црни алишта од лош материјал затоа и лошо ти мирисаат. Го имав истиот проблем со црните додека сфатив дека не е ниту до прашок ниту до омекнувач. Имав едни тренерки кои катастрофално мирисаа додека беа мокри и од нив и други алишта ми се умирисуваа.
Како да направам боцкав џемпер да биде помалку боцкав? Гледав на youtube нешто, да се потопи џемперот во ладна вода со оцет, па се цеди, па се мачка со балсам за коса, па се остава да се исуши, па се става во замрзнувач преку ноќ... итн итн Имате некој друг совет?
@duffi што направи,се исчисти барем нешто? Моево значи прво со вода сам се чистел (да не го карам ) уште додека не било засушено,може и затоа се исчисти.
Како можам да офарбам волнен џемпер во друга боја? Каде има фарби за текстил, како оди постапката? Или пак предлог каде да го однесам за да го исфарбаат…
Остана само како кругче на облеката. Не е страшно. Ама на гарнитурата немам пробано , да не ја доуништам.
Која е причината поради која машината за перење алишта ми ја кине облеката? . Буквално цели кругови испокинати на алиштата
Вади ги веднаш од машина штом ќе заврши. Незнам зошто ама и мене темните ми се умирисуваат ако подолго се во машината. Бели и цела ноќ да отстојат немаат гајле. Сега кога перам темни а ја слушнам завршила трчам да ги извадам
Можеби алиштата не се за програмата која што ја пушташ. Или да не е скршен металот и ти ги кине алиштата, иаку не верувам да е ова. Друго не знам што би била причината.
Каде можам да најдам фолија што се лепи на прозорот од надворешната страна и однадвор е како огледало и не може внатре да се види ништо?
Имам проблем со машината за перење алишта. Ако перам со капсули се мириса преубаво. Омекнувачот исто го зема и мириса убаво. Ако ставам прашок било тврд или течен мирисаат многу лошо. Прочистена ми е 2-3 пати, пак мириса. Некој совет што можи да е?