Здраво, дали некој може да ми препорача добро средство за чистење бели патики. Знам пред месец дена рекламираа на инстаграм средство што го има во ДМ ама не може да ми текне како изгледа. Доколку некој го има користено ако може да ми го каже името и цената на производот?
Ја имам бели максици од мрежа, и со четка и детаргент ги мијам рачно, тријам со сета сила и искача се`.Ако ти се кожни би ти препорачала со сунѓер мек за да не се изгребат.
Чистев нешто со средство за бигор и не сум видела ми истекло на машината за садови и сега не се брише. Со се што пробав не успеав да избришам има ли спас или така ќе си остане
Помоош жени,сите кошули на сопругот ги исфарбав,бели и кремови сега се светло сини,има ли нешто со кое можат да се вратат во правобитната боја
Добро утро Од што може да не ми работи едната рингла. Имам плотна на допир ,3 рингли работат еднаш наеднаш престана
Не е баш за овде прашањето ама мислам најбрзо ќе добијам одговор. Дали и каде можам да однесам столици на расклопување да ми стават нов материјал, овој се искина?
изгорен греач Барај ги од овластњн сервис кои се да ти сменат Ако е под гаранција уште поубаво Колку време ја користиш?и шо марка е?
Машината за перење многу пени и тече пена од вратичката и од тоа горе кај што се става прашок? Ако заглавило нешто кај да го барам? Што може да е проблемот? И ако ја пуштам на 30 мин на пример кога ќе дојде на 20 се враќа пак на 30. На 1200 вртежи врти исто како на 600 да е.
да не ставаш многу прашок? центрифуга нема оти има многу пења да не е изгорена пумпата па не ја фрла водата?
Маја дали заврши работа? малку касно ти пишувам, имаш од Др Бекман средство како прашок е, мене ми успеа еднаш од лилави купачи да отстранам флека направена од сини купачи ама искрено се отепав од триење...а последно од бебето пуштив шарени и бели заедно, па сите бодиња од бели сини ми станаа, ставив само Smacchio tutto и ги пуштив на 60 степени, успеав да ги обелам ама не целосно.
Ти благодарам за сликата,јас живеам во Велес немаме тинекс и рамстор.Убаво ме потсети ќе проверам во Жито или Кит Го